ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Бесими: Обемна и навремена владина реакција на ценовните притисоци со мерки во вкупна вредност од 615 милиони евра

March 13, 2022 17:54
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Најновиот пакет на антикризни мерки во износ од 400 милиони евра е дел од вкупната сума од околу 615 милиони евра вредни мерки, кои досега Владата ги донесе и имплементираше, со цел олеснување на ценовните притисоци од енергетската криза и растот на храната на светските берзи. Министерот за финансии, Фатмир Бесими, во својата колумна, посочува дека Владата уште од минатата година ги следи ценовните притисоци и носи мерки со кои се делува на одржување на цените на пониско ниво од пазарното.

Бесими посочува дека во сумата од 615 милиони евра, влегуваат и фискалниот ефект од намалениот ДДВ за струја од јули минатата година, како и субвенциите за струјата и топлинската енергија, со цел задржување на цената на пониско ниво од пазарното.

– Оваа сума е блиску до сумата која Хрватите ја предвидуваат за справување со ценовните притисоци, или околу 635 милиони евра. За споредба, Грција предвидува 500 милиони евра, Словенија и Албанија предвидуваат по околу 200 милиони евра итн. – посочува Бесими.

Понатаму во колумната Бесими ги анализира мерките кои се најавени или се спроведуваат во земјите во регионот и европските земји. Тие се однесуваат на трансфери за ранливи категории население, намалување на даноците за енергенси и регулирање на малопродажните цени.

-Мерките во Словенија се насочени кон таргетирани финансиски трансфери. Тие, исто така предвидуваат поддршка за пензионерите, корисниците на социјална помош, корисниците на инвалидски и детски додаток, многудетни семејства и згрижувачки родители. Србија донесе мерки за подобрување на енергетската ефикасност преку финансиска поддршка на домаќинствата,а  воведе и мерка за замрзнување на цените на брашното, шеќерот, сончогледовото масло, свинското месо и млекото и забрана за извоз на некои основни производи. Црна Гора донесе мерки за намалување на акцизата за гориво и еднократна помош за пензионерите чија пензија е под просечната. Во Грција, Бугарија и Албанија воведени се модели со кои се врши субвенционирање на цените на електричната енергија за домаќинствата и бизнисите – посочува Бесими.

Бесими пишува дека при конципирање на најновиот пакет мерки направени се и анализи врз основа на странските искуства. Тој наведува дека во овој пакет, има даночни мерки, финансиска поддршка на ранливите категории, административни ограничувања со кои ќе се влијае на цените и мерки за штедење на енергија. Со спроведување на овие мерки ќе се амортизира порастот на цените на храната и горивата, ќе се влијае за поголема енергетска ефикасност и за поддршка на фирмите.

Инаку, даночните олеснувања од новиот пакет, како укинување на ДДВ за храна и повластена ставка од 5% за електрична енергија за домаќинства до крајот на годината и 10% за горива, како и намалување на акцизата за горивата, се веќе донесени и само неколку дена по објавата веќе се ефектуирани.

Бесими во колумната истакнува дека дури и во сценарио на продолжена криза на светскиот пазар на енергенси и примарни производи, фискалниот простор дозволува дополнителна интервенција, за заштита на стандардот на граѓаните и ликвидноста на компаниите.

-Тоа што е многу важно за сите нас во ова време на криза и високи цени на основните прехранбени производи и енергенси, е дека сите можеме да дадеме голем придонес со сопствени чекори ако штедиме и порационално ги користиме енергентите во овој период, со цел разликите во цените помалку да се одразат на сопствениот доход било тоа да е на ниво на индивидуа, семејство или претпријатие. Никој не вели дека ќе биде лесно, но тврдам дека од моја страна како министер за финансии, а и од страна на моите колеги од Владата ќе има борба за да граѓаните што помалку ги почуствуваат притисоците од руско-украинскиот конфликт – посочува Бесими и додава дека Владата тоа го докажала и со антикризните мерки за време на пандемијата со кои значително беа амортизирани ефектите врз економијата.

На среден и долг рок остануваме на добропоставената макроекономска и фискална рамка, во која предвидуваме фискална консолидација и забрзан раст, во насока на развој на нашата економија, заклучува министерот за финансии Бесими.

Next Post

Ковид-19: 198 нови случаи, оздравени се 276 пациенти

Shortcut

Најново

Џабир Дерала

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk