ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Високиот претставник на ЕУ, Жозеп Борел пристигна во Скопје

March 13, 2022 16:04
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
МИА

МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Потпретседателот на Европската комисија и висок претставник за надворешни работи Жозеп Борел, денеска пристигна во посета на Република Северна Македонија. На Меѓународниот аеродром Скопје, го пречекаа заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ и шефот на Делегацијата на ЕУ во земјава, Дејвид Гир.

Како што соопшти СЕП, вицепремиерот Маричиќ му посака добредојде на Борел и успешни средби што ќе ги оствари со највисоките државни претставници во текот на утрешниот ден.
-Оваа балканска турнеја која потпретседателот на Европската комисија и висок претставник за надворешни работи, Жозеп Борел, ја започнува токму од Скопје, е добар сигнал дека ние и регионот остануваме во фокусот на Европската Унија. Во пресрет на утрешниот заеднички состанок со премиерот Ковачевски, покрај другите точки очекувам ќе разговараме за украинската криза и за нашата регионална соработка којашто е препозаена како извор на стабилност и безбедност, како и за заложбите за брза европска интеграција на Западен Балкан кон Европската Унија, во што е можно побрзи рокови, напиша вицепремиерот за европски прашања Маричиќ на својот фејсбук профил.
Ова е прва официјална посета на Борел на Северна Македонија, како висок претставник на ЕУ, во чии рамки ќе оствари средби со претседателот Стево Пендаровски, премиерот Димитар Ковачевски, претседателот на Собранието, Талат Џафери, министрите за надворешни работи и за одбрана, Бујар Османи и Славјанка Петровска.
Според најавите од Делегацијата на ЕУ во Скопје, Борел ќе има средби и со лидерите на опозициските партии.
Предвидено е високиот претставник утре да одржи прес-конференција со премиерот Ковачевски Високиот претставник ќе учествува и на настан на кој претставници на граѓанското општество и младинските организации ќе ја претстават својата работа за придонесот на Западен Балкан на Конференцијата за иднината на Европа.
Посетата на Скопје е дел од турнејата низ Западен Балкан во рамки на која тој ќе ги посети и Албанија и БиХ. Посетата се наведувца, ќе ја потврди посветеноста и поддршката на ЕУ за регионот исто така во поглед на руската војна против Украина и нејзиното влијание врз безбедноста на Европа како целина./МИА/.
Next Post

Ковачевски: Со единицата Тигар нашата земја има подготвен и функционален систем за национална безбедност

Shortcut

Најново

Џабир Дерала

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk