ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

По горивата, корекции на цените и на основните производи

March 14, 2022 08:43
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

По поевтинувањето на горивата, се очекува од денеска да има корекции и на цените на основните прехранбени производи согласно владините антикризни мерки и законските измени за висината на акцизите и стапката на ДДВ што во петокот добија зелено светло во Собранието, пренесува МИА.

Треба да се усогласат цените на лебот, брашното, шеќерот, сончогледовото масло, кравјото млеко, месото, оризот, јајцата. За нив стапката на ДДВ е намалена од 5 на 0 проценти и оваа мерка ќе трае до крајот на мај. Паралелно со ова, замрзнати се маржите за некои производи, и укинати царинските давачки за увозот на основните прехранбени продукти.

Антикризниот пакет мерки за справување со ценовниот шок поради војната во Украина, покрај намалениот ДДВ на горивата од 18 на 10 проценти, како и акцизата за 1, 2 или 4 денари, што веќе доведе до поевтинување на бензините и дизелот, предвидува и продолжување на повластената стапка од 5 проценти ДДВ за електрична енергија за домаќинствата до крајот на годинава.

Се намалува и стапката на ДДВ при промет на енергенси од 18 на 10 проценти, а се укинува данокот при увоз на гас, електрична и топлинска енергија.

Со намалувањето на даноците директно се влијае врз крајната цена што граѓаните ја плаќаат за основните производи за исхрана, со пониското ДДВ за нафтените деривати се амортизира крајната цена на дериватите, додека со продолжување на повластената стапка на ДДВ за електрична енергија се редуцираат трошоците за енергија.

Од Владата и надлежните институции задолжени за спроведување на мерките апелираат трговците соодветно да ги применат решенијата од законот, односно да направат подесување на своите фискални апарати. Велат дека донесените законските измени, предвидуваат механизми кои Владата ќе може да ги користи и во иднина доколку има потреба да се избегнат какви било шпекулации и ценовни шокови на граѓаните и стопанството.

Со сетот од 26 антикризни мерки, е предвидено и субвенционирање на граѓаните за електрична енергија. Најранливите категории во периодот од април до јуни ќе добијат ваучери во вредност од по 1.000 денари секој месец, кои би се користеле за купување на основни производи. За сите пензионери започнувајќи од мартовската, а завршувајќи со мајската пензија, превидени се дополнителни субвенции од по 1.000 денари како дополнување на пензијата.

Министерот за финансии Фатмир Бесим тврди дека донесените мерки вредни 400 милиони евра нема да влијаат на ликвидноста на државната каса. Буџетот е ликвиден, девизните резерви се зголемени, денарот е стабилен, вели Бесими. Тој ги повика институциите, општините, стопанствениците и граѓаните да бидат рационални во трошењето на енергенсите и да не подлегнуваат на шпекулации кои се на штета на личниот буџет, нагласувајќи дека сите мерки се преземаат навремено и дека нема простор за паника.

И од Народната банка порачуваат денарот е стабилен и ќе остане стабилен. Нема причина за промена на курсот, тоа никому нема да му користи, рече во интервју за МИА гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска.

Таа посочува дека Народната банка има капацитет и инструментариум да го одбрани курсот на денарот, доколку се јави потреба за тоа, за што говорат и изминатите речиси три децении, кога низ многу кризи успешно е одржана стабилноста на домашната валута. Девизните резерви се високи и изнесуваат 3,4 милијарди евра или се на двојно повисоко ниво во однос на 2008 година, која беше година на глобална финансиска криза, а стабилноста на денарот беше успешно задржана.

Во однос на информациите дека на пазарот нема девизи, гувернерката вели дека тоа не е точно и апелира до граѓаните да не подлегнуваат на ваквите шпекулации.

– Морам да го адресирам ова прашање, бидејќи реално овие шпекулации на граѓаните им создаваат материјална штета. Сведоци сме дека, во време кога се зборува за криза, сè уште дел граѓани прибегнуваат кон претворање на заштедите во девизни или да купуваат девизна готовина. Покрај тоа, се јавуваат и шпекулации дека на пазарот нема девизи, што апсолутно не е точно. На овој начин се прави неоснована паника и граѓаните, врз основа на шпекулации, плаќаат и повисока цена за промена на валутите и губат средства, нагласува гувернерката.

Банкарскиот сектор, истакнува Ангеловска-Бежоска, е стабилен и отпорен на шокови, и успева да обезбеди солидна кредитна поддршка на реалниот сектор, што е значаен импулс за економското закрепнување.

Не се очекува случувањата во Украина да имаат позначително директно влијание врз домашниот банкарски сектор, што се должи на многу слабите финансиски врски што тој ги има со Русија и Украина. Дополнителен фактор е отсуството на капитал од овие две земји во домашниот банкарски сектор.

Народната банка ќе продолжи да ги следи случувања и соодветно ќе реагира доколку се оцени потреба, со мерки за одржувањето на макроекономската и финансиската стабилност.

Next Post
Фото: МИА

Амбасадата на САД повторно ги повика Американците итно да ја напуштат Украина

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk