ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

СИПРИ: Европа со најголем раст на увоз на оружје во последните пет години

March 14, 2022 08:25
in ZOOM IN, ДЕНЕС, СВЕТ
weaponsystems.net

weaponsystems.net

Share on FacebookShare on Twitter

Европа забележа најголем пораст на увозот на оружје во последните пет години и трендот нагло ќе се забрза со оглед на информациите за повторно вооружување поради новата руска закана, се вели во денескаобјавениот извештај на Меѓународниот институт за мировни истражувања (СИПРИ) во Стокхолм, Шведска.

Во периодот 2017-2021 г. светската трговија со оружје падна за 4,6 отсто во однос на претходните пет години, но порасна за 19 отсто на европскиот континент, се наведува во извештајот на СИПРИ.

– Европа повторно е жешка точка, рече Симон Веземан, еден од авторите на годишниот извештај, кој се објавува повеќе од 30 години. – „Ни треба многу ново оружје, а добар дел ќе дојде од увоз“, претежно меѓуевропско и американско, изјави истражувачот за АФП, пренесува Хина.

Германија веќе најави планови за големи инвестиции во областа на одбраната.

Поради зголемените тензии со Русија по 2014 година, уделот на Европа во светската трговија се зголеми од 10 на 13 отсто во последните пет години и тој удел  „значително“ ќе се зголемува, рече Веземан.

Иако е тешко да се утврдат точни бројки поради нетранспарентноста на многу договори, вредноста на светската трговија со оружје се зголемува на 100 милијарди долари годишно, велат експертите.

Според СИПРИ, Азија и Океанија остануваат главна зона за увоз во последните пет години, со 43 отсто удел во светската трговија со оружје и шест главни увозници (Индија, Австралија, Кина, Јужна Кореја, Пакистан и Јапонија). Трговијата со оружје во најгусто населениот дел на светот, сепак, е намалена за 5 отсто во последните пет години.

Блискиот исток, вториот по големина пазар во светот со 32 отсто удел во светската трговија, забележа послаб раст (+3 отсто) и главно се заснова на инвестициите на Катар поради тензиите со соседните земји во Персискиот Залив.

Уделот на Америка и Африка значително се намали за околу шест проценти на секој континент.

Меѓу петте најголеми извозници на оружје во светот, САД – убедливо најголем извозник – и Франција, на третото место, забележаа силен раст во последните пет години, од 32 на 39 отсто, односно 6 на 11 отсто.

Русија го задржа второто место меѓу извозниците, но нејзиниот удел падна за 19 отсто во текот на разгледуваниот период, а таквиот пад би можел да продолжи поради влијанието на санкциите и зголемената изолација на Москва, заклучува СИПРИ./MИА/.

Next Post

Најголемата бегалска криза на векот продолжува, околу 2.7 милиони лица досега ја напуштија Украина

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk