Доделивме 4 пакети со прехранбени производи и бебешки производи за семејство со новороденче од Украина кое е згрижено кај жител од Центар, напиша на Фејсбук градоначалникот на Општина Центар.
„Доделивме 4 пакети со прехранбени производи и бебешки производи за семејство со новороденче од Украина кое е згрижено кај жител од Центар. Со оваа хуманитарна донација, реализирана во соработка со Банка за Храна и HiPP Македонија, им помагаме на нашите украински пријатели на кои нашата помош им е најпотребна. Апелирам, доколку има и други украински граѓани и семејства кои се наоѓаат во Општина Центар и имаат потреба од нашата помош, да се јават на телефонскиот број 076 313 383“, пишува во објавата.







