ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ВОЈНА ВО УКРАИНА

(ВИДЕО) Зеленски: Одговорноста за воените злосторства за руските војници е неизбежна

March 15, 2022 10:59
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Руски регрути! Слушајте ме многу внимателно. Руски офицери! Вие веќе сфативте сè. Нема да земете ништо од Украина. Ќе одземате животи. Ве има многу. Но, и вашите животи исто така ќе бидат одземени, потенцира Зеленски во своето обраќање.

Обраќањето на претседателот Зеленски го пренесуваме интегрално:

„Слободен народе на слободна земја!

Заврши 19-тиот ден од нашиот отпор. Од историската војна. Уште еден тежок ден, кој сепак не приближува до победата, го приближува мирот до Украина.

Како и досега, непријателот е збунет. Тие не очекуваа таков отпор. Тие веруваа во својата пропаганда која со децении ги лаже за нас. Сè уште не можат да закрепнат. Но, тие веќе почнаа да сфаќаат дека со војна нема да постигнат ништо.

Нивните војници го знаат тоа. Нивните офицери се свесни за тоа. Тие бегаат од бојното поле, ја оставаат техниката.

Ние земаме трофеи и ги користиме за да ја заштитиме Украина. Денес, руските трупи се всушност еден од добавувачите на техника за нашата армија. Тие ни во кошмар не можеа да видат нешто такво.

И сакам да им кажам на руските војници. На оние кои веќе влегоа во нашата земја. И на оние кои допрва ќе бидат испратени да се борат против нас.

Руски регрути! Слушајте ме многу внимателно. Руски офицери! Вие веќе сфативте сè. Нема да земете ништо од Украина. Ќе одземате животи. Ве има многу. Но, и вашите животи исто така ќе бидат одземени.

Но, поради што да умирате? И зошто? Знам дека сакате да преживеете. Слушаме во пресретнувањето на вашите разговори што навистина мислите за оваа војна, за овој срам и за вашата држава. Вашите разговори еден со друг. Вашите повици дома до блиските. Сето тоа го слушаме. Извлекуваме заклучоци. Знаеме кои сте вие.

Затоа, ви нудам избор. Во име на украинскиот народ, ви давам шанса, шанса да преживеете. Ако се предадете на нашите сили, ние ќе се однесуваме со вас онака како што доликува да се третираат луѓето. Токму луѓето – достојно. Како што не ве третираат во вашата војска. И како што вашата војска не ја третира нашата.

Изберете!

Нашите храбри бранители продолжуваат да им нанесуваат катастрофални загуби на руските трупи.

Наскоро бројот на соборени руски жиродини ќе достигне стотици единици. Тие веќе изгубија 80 воени авиони, стотици тенкови, илјадници единици друга техника.

За 19 дена, руската армија загуби повеќе војници во Украина отколку во двете крвави и повеќегодишни војни во Чеченија. Заради што?

Благодарен сум им на оние Руси кои не престануваат да се обидуваат да ја пренесат вистината. Оние кои се борат со дезинформации и им ја кажуваат вистината, вистинските факти на своите пријатели, блиски и роднини. И лично на девојката која влезе во студиото на Первиј канал со транспарент против војната. На оние кои не се плашат да протестираат. Сè додека вашата земја не се затворила целосно од целиот свет, претворајќи се во многу голема Северна Кореја, мора да се борите. Не смеете да ја изгубите вашата шанса.

Европската унија го одобри четвртиот пакет санкции против Русија. Четвртиот, и сигурен сум дека не е последен.

Работиме со партнерите на нови ограничувања што ќе се применат против руската држава. Секој кој е одговорен за војната. Секој кој е одговорен за уништувањето на демократијата. Секој кој е одговорен за репресија врз луѓето. Секој ќе добие одговор. Одговорот од светот. И ова е само почеток.

Одговорноста за воените злосторства за руските војници е неизбежна. Одговорноста за свесно создадената хуманитарна катастрофа во украинските градови е неизбежна. Целиот свет гледа што се случува во Мариупол, Харкив, Чернигив, Суми, Охтирка, Гостомел, Ирпен. Во сите наши градови.

Сите наши партнери се информирани за злосторствата на окупаторите врз цивилите и локалната самоуправа во Херсонската и Запорожската област. Во привремено окупираните подрачја. За тоа ќе има одговор. Задолжително. За прекинатите хуманитарни коридори. Задолжително.

Во текот на денот на 14 март, 3806 Украинци беа евакуирани од градовите и населбите на Кијивската и Луганската област.

Нашата колона со 100 тони најпотребни работи за Мариупол се уште ја задржуваат во Бердјанск. Веќе трет ден. Но, ќе се трудиме. Ќе направиме се за жителите на Мариупол да добијат храна, вода и лекови.

Целосните информации за дејствијата на окупаторите на украинска територија ги пренесов во разговори со пријателите и партнерите на нашата држава. Секое агресивно дејствие на окупаторите само го турка светот на нови санкциони пакети.

Разговарав со Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен. Со Претседателот на Полска Анджеј Дуда. Со Премиерот на Луксембург Ксавиер Бетел. Имаме стопроцентно меѓусебно разбирање.

Важен беше и разговорот со Премиерот на Израел Бенет. Како дел од преговарачките напори за што поскоро завршување на оваа војна. Со чесен мир.

На ова работеше и нашата делегација во преговорите со руската страна. Прилично добро, како што ме известија. Но, ќе видиме. Ќе продолжат утре.

Кабинетот на Министри на Украина договори пакет решенија за поддршка на нашата економија.

За да функционира бизнисот. За луѓето да имаат работа. Онаму каде што дозволува безбедноста. Онаму каде што луѓето се подготвени за тоа.

Прво. Почнуваме даночна реформа. Наместо ДДВ и данок на доход даваме стапка од 2% од прометот и поедноставено сметководство. За малите бизниси – а ова е првата и втората група трговци поединци – поставивме доброволно плаќање на единствен данок. Односно, ако можете – платете. Не можете – нема прашања.

Второ. Максимална дерегулација на бизнисот. Ги откажуваме сите проверки за сите бизниси. За сите да работат нормално. За градовите да оживуваат. За секаде каде што нема воени дејствија, животот да продолжи.

Има само еден услов: обезбедувате нормално функционирање на вашиот бизнис во рамките на украинскиот закон.

Ова се само првите два чекори од нашата даночна реформа. Ќе има уште.

Штотуку потпишав указ за доделување државни награди на Украина на 234 војници на Вооружените сили на Украина, кои покажаа лична храброст и херојство во борбата за Украина, за нашата независност. 59 од нив – постхумно.

Вечен спомен на секој што го даде животот за нашата држава!

Вечна благодарност до сите наши херои!“

Next Post

МНР на Украина ja поздрави одлуката на Холандија и Австралија, да ја тужат Русија за соборување на летот MH17 на Malaysia Airlines

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk