ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Делегација на МАТТО на средба со премиерот Ковачевски

March 16, 2022 17:48
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Делегација на МАТТО составена од претседателот на МАТТО, Ајдован Адемоски, заменик претседателот и генерален директор на Халкбанка АД Скопје, Билал Суџубаши, заменик претседателот Имер Селмани и членовите на Управен одбор: генералниот директор на ТАВ Македонија, Метин Батак, генералниот директор на Аџибадем Систина, Ѓун Гунсој, претставникот на Рамстор Македонија, Константин Батунков и извршниот директор на МАТТО, Шахпаз Молалиев денеска остварија средба со претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, пишува МИА.

На средбата, како што се наведува во соопштението МАТТО, премиерот Ковачевски ги истакнал силните заложби на Владата на Република Северна Македонија за уште поголема економска соработка со Република Турција, посочувајќи дека Стопанска комора Македонија -Турција, МАТТО и нејзините членки ги смета како силни и кредибилни партнери за остварување на оваа цел.

Притоа, како што се додава во соопштението, акцент бил ставен на ажурирањето на договорот за слободна трговија и неговата фунција за целосна либерализација и доделување на слободната индустриска зона во Гевгелија на МАТТО.

Покрај разговорите за искористување на кредитите од Турска Еxim Банка, исто така било најавено дека наскоро ќе следува дополнување на Планот за економски раст со нови поволности за поддршка на инвестициите особено во делот на капацитети од обновливите извори во енергетиката за што веќе постои голем интерес од компаниите од оваа дејност во Турција.

Меѓудругото, на состанокот биле оценети и можностите за инвестирање во секторите инфраструктура, транспорт, банкарство, здравство, образование и др.

Од премиерот Ковачевски, како што се наведува во соопштението, делегацијата на МАТТО побарала поддршка и за зголемување на времетраењето на привремените дозволи за работа на странскиот персонал, од 45 на 90 дена. Исто така, на оваа средба била разгледана и можноста за организирање на посета од страна на премиерот Димитар Ковачевски на премиерот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган.

 

Next Post

Груби-Брнс: Партнерството со САД е од витално значење за нашата земја

Shortcut

Најново

Михаил Звинчук

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА) Протеран од Црна Гора, засолнет во Србија: Звинчук и неодговорените прашања за руските мрежи на Балканот

October 11, 2026

Европа гради коридори, Скопје гради изговори: Политика изгубена во сопствениот лавиринт

October 10, 2026
Запорижиа, 10 октомври 2026 (ДСНС)

Црн биланс од руските напади минатата ноќ во Украина: 12 загинати, меѓу нив три деца во Запорижја

October 10, 2026

Анализа на НОВА: Банките доминираат на Берзата – што значи тоа за економијата?

October 10, 2026

Дали вештачката интелигенција има права? Шефот на Microsoft AI предупредува на опасноста од создавање машини што веруваат дека се свесни

October 10, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Мартин Тасевски

    Пет празници ви се многу?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Отсуство на чувството за време

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Anthropic меѓу Пентагон и технолошките гиганти: Безбедноста, цената и контролата стануваат поважни од најмоќниот модел на вештачка интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа гради коридори, Скопје гради изговори: Политика изгубена во сопствениот лавиринт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • А бе стока народ сме!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk