Претседателот Стево Пендаровски денеска прими преставници на организацијата ЦИВИЛ – Центар за слобода, по повод почетокот на реализацијата на проектот „Чекор напред кон мултикултурно општество“, информираат од кабинетот на претседателот Пендаровски.
Претставниците на организацијата го информираа претседателот Пендаровски за активностите во рамки на проектот, што ќе бидат насочени кон промоција на мултикултурализмот, почитувањето на различностите и недискриминацијата во општеството како фундаментални човечки и европски вредности, а ќе се реализараат со поддршка од Министерството за надворешни и европски прашања на Големото Војводство Луксембург.
Претседателот Пендаровски, истакнувајќи ја важноста на темите опфатени во проектот, изрази поддршка за активностите на организацијата и заложбите за мултикултурно општество.