Израел нема да биде место каде што ќе можат да се заобиколат санкциите против Русија. Земјата, исто така, нема да дозволи руските олигарси да ги кријат своите авиони и јахти од рестриктивните мерки.
Ова во интервју за NEWSru.co.il го изјави израелскиот министер за надворешни работи Јаир Лапид. Тој зборуваше и за тоа кои опции ги разгледува неговата земја.
Конкретно, тој разговараше со премиерот Нафтали Бенет за отворање теренска болница во Украина.
„Би сакал да најдам други опции за да и помогнам на Украина, бидејќи тоа не е доволно. Луѓето страдаат и им треба помош“, рече Лапид.
Тој, исто така, истакна дека Израел нема да биде место каде што ќе можат да се заобиколат санкциите против Русија.
„Од првиот ден на војната, ние разговаравме со претставници на израелскиот банкарски систем и ги предупредивме дека ситуацијата во која овде се префрлаат пари од санкционирани сметки е неприфатлива. Ние сме дел од системот SWIFT и ги предупредивме банките дека ќе се прават обиди да се заобиколат санкциите.Системот беше спремен да се справи со таквите обиди. Кога реков дека Израел нема да стане обиколница за избегнување санкции, мислев на ова, на пример забраната за авионите на руските олигарси да бидат овде повеќе од 48 часа, каде олигарсите ги оставаат своите авиони и јахти овде и на тој начин ги обезбедуваат“, објасни тој.
Извор: obozrevatel.com
превод: Жорж Димовски