Македонски Телеком престана да ја реемитува руската телевизија РТ.
„Почитувани гледачи, согласно препораките на Владата и истата рефлектирана преку одлуката на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, реемитувањето на овој канал не е повеќе дозволемо“, пишува на кајронот од Македонски Телеком.
Владата на Северна Македонија на седница од 28 февруари и препорача на Агенцијата за адуио и аудиовизулени медиумски услуги да им укаже на кабелските оператори во Северна Македонија да ги исклучат каналите каде како основач се јавува Руската Федерација или приватни лица, правни или физички лица со потекло од оваа држава.
Препораката на Владата следи, откако забрана за емитување на овие канали беше донесена од Европската унија.
Во ова време мораме да се бориме против дезинформациите кои се присутни од руските медиуми бидејќи Путин не сака да го контролира само просторот туку сака да го контролира и умот на луѓето , изјави шефот на европската дипломатија Жозеп Борел.
Агенцијата со допис им укажа на сите оператори на јавна електронска комуникациска мрежа, доколку со исклучувањето не им се предизвикува финансиска штета, веднаш да ги исклучат овие канали и во најскоро време, но не подолго од три дена од денот на приемот на дописот, да ја известат Агенцијата за преземените активности од нивна страна.