ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Тренчевска: Намерата на Владата е во период на Ковид криза, економска и енергетска криза да опфати што поголем број на граѓани

March 20, 2022 14:14
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Системот на социјална заштита со реформите од 2019 година е така направен да може да ги апсорбира сите граѓани коишто се наоѓаат во социјален ризик,“ рече министерката за труд и социјална политика , Јованка Тренчевска во интервју за Радио Слободна Европа.

Таа информираше дека бројот на приматели на Гарантирана минимална помош во период од почетокот на пандемијата до сега е зголемен за 1000 граѓани, граѓани кои останале без работа или на друг начин ги изгубиле приходите и се нашле во ризик.

Таа истакна дека реформите од 2019 година, со измената на Законот за социјална заштита, навистина даваат резултат и се насочени  кон потребите на граѓаните.

Во врска со новите мерки на Владата, меѓу кои, примателите на ГМП, добиваат дополнителни  1.000 денари, за три месеци, за купување на основните производи за исхрана, дали е доволен, министерката посочи дека покрај оваа помош, овие корисници користат и 1000 денари за покривање на трошоците за енергенси.

„Намерата на Владата е во период на Ковид криза, во период на економска криза да покрие што поголем број на граѓани. Во таа насока се и мерките што се носат и за примателите на Гарантирана минимална помош, мерките за финансиска поддршка што се носат и за пензионерите и сите оние останати мерки од пакетот на новите 26 мерки со кои сакаме да допреме и до граѓаните и до компаниите,“ рече Тренчевска.

Таа потсети дека, со реформите од 2019, надоместокот на Гарантирана минимална помош, претходно социјална помош е зголемен за некаде околу 300 проценти, значи тој надоместок за разлика од пред 2019 е навистина многу поголем.

„Четиричлено семејство во моментот со деца во школска возраст или во предучилишна возраст, примаат надоместок  од околу 11.800 денари, плус надоместок од 1000 денари месечно за енергенси и дополнително овие 1000 денари што сега ќе ги даваме три месеци, значи по 13-14 илјади денари, за едно семејство што е материјално необезбедено и  е во социјален ризик добива од државата, за да може да ги обезбеди основните социјални во текот на еден месец, рече Тренчевска.​

Next Post

Путин тврди дека заработува 140.000 долари годишно и има стан од 800 квадратни метри, но се проценува дека „тежи“ 200 милијарди долари

Shortcut

Најново

Краматорск, 8 октомври 2026

Убиени во своите домови и во автобуси: Два дена руски терор во Украина, 52 загинати, меѓу нив пет деца

October 8, 2026
Мартин Тасевски

Пет празници ви се многу?

October 7, 2026

Anthropic меѓу Пентагон и технолошките гиганти: Безбедноста, цената и контролата стануваат поважни од најмоќниот модел на вештачка интелигенција

October 7, 2026

Градот може да биде дом, но како?

October 5, 2026

БиХ по изборите: Додик ја задржува моќта, поделбите се продлабочуваат, европскиот пат останува неизвесен

October 5, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Броила (фото: Електродистрибуција)

    ИНРМ против задолжителни паметни броила за сите домаќинства: Прво да се почитува законот, потоа нови трошоци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пет празници ви се многу?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Отсуство на чувството за време

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • На која страна си ти?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • А бе стока народ сме!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk