ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Баша поднесе оставка на функцијата претседател на Демократската партија на Албанија

March 21, 2022 19:05
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Лидерот на најголема албанска опозициска партија Демократската (ПД)  Љуљзим Баша, поднесе оставка на функцијата, на која дојде во 2013 година.  

 Соопштувајќи ја одлуката тој рече дека „прави чекор назад за да даде можност ПД да се издигне по тешката криза во која се наоѓа“. 

 -Не сакам да се задржувам на тоа што и како се случи, кој беше во право, а кој не. За жал, обидот да се задржи ПД обединета не успеа. Демократите и јас се соочивме со бројни обвиненија и денес ПД доживува длабока криза. Поради оваа причина и за да и помогнам на ПД да ги остави настрана поделбите, свесен за тежината што ја добив, поднесувам оставка од функцијата претседател. Го правам овој чекор за  дадам можност ПД да се издигне по тешката криза во која се наоѓа, рече Баша. 

Додаде дека ќе „продолжи непрекинато и без двоумење да работи со крв и месо за заживување на Демократската партија“. И во оваа прилика тој вината за изборните порази на партијата ги нарече последица на „изборни манипулации и кражби“. 

 Четириесет и осумгодишниот Баша на чело на партијата дојде по поразот на парламентарните избори на партијата во 2013 година, кога се повлече Сали Бериша.  

На двата последователни парламентарни изборни циклуси, 2017 и 2021  година партијата претрпе пораз, а во 2019 година предводејќи ја обеднетата опозиција ги бојотираше локалните избори. 

 На вонредните делумни избори за градоначалноци на шест општини, што се одржаа на 6 март, повторно кандидатите на ПД не освоија ниту едно место. Место нив едно градачалничко место освои кандидатот на крилото што го предводи Сали Бериша, кој се отцепи од партијата откако Баша го исклучи од сите партиски структури по  прогласувањето за песона нон грата од страна на САД. 

 Делумните избори се чини ја прелеаа чашата на незадоволство, па оставка од него почнаа да бараат и неговите најблиски соработници, кои еден по еден се отажуваа од партиските функции, а поголем број од пратениците најавија дека ќе делуваат како независни кандидати. 

 Имајќи ги во превид досегашните изјави на Бериша, тој ќе се обиде повторно да застане на чело на партијата. 

извор: МИА

Next Post

Група медиуми во Северна Македонија шири лажни вести за Украина, предупреди Џабир Дерала од „Цивил“

Shortcut

Најново

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

Мицкоски бара внимание

June 30, 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk