ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Николовски: Граѓаните да имаат доверба во институциите, нашиот фокус е да обезбедиме храна и храна ќе има

March 23, 2022 11:53
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Граѓаните треба да имаат доверба во институциите, нашиот фокус е да обезбедиме храна и храна ќе има, изјави минитерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, во денешното интервју во „Утрински брифинг“ на Слободна ТВ. Николовски посочи дека иницијативата „Отворен Балкан“ овозможува извонредна можност во време на светска криза и со затворени светски пазари, Северна Македонија да има отворен пазар.

„Со сите стопански комори до детали го анализиравме планот за потребите на стопанските комори за да не важат овие бариери коишто ги има Р. Србија, и вчера се постигна токму тој договор, којшто верувам во следните денови ќе помине на Владата на Р.Србија, односно да се тргне забраната за извоз за Северна Македонија.Ги анализираме потребите и до детали ги анализиравме деталниот план на сите стопански комори, колку се нивните потреби, колку се потребите на економските партнери на двете земји и колку договори се склучени.Околу 50.000 тони пченица се потребни до жетва. Тоа вчера што го договоривме со Србија е тргање на забраната, тргање на бариерата кон РСМ и исполнување на сите овие договори помеѓу трговските партнери за пченица, за пченка, за масло за јадење, за брашно, што е особено важно. Паралелно, разговаравме и за обезбедување на вештачко ѓубриво. Нашиот целосен фокус е да обезбедиме храна за нашите граѓани и граѓаните треба да знаат дека се прават максимални напори, вклучени се сите механизми“, рече министерот Николовски.

Во интервјуто, министерот изјави дека производството на домашна пченица се зголемува од 195.000 тони во 2017 година на 253.000 тони во 2021 година, дополнително со годинешниот план за сеидба површините бележат пораст, што значи и намалување на увозот на пченица.

„Ние сме имале и 200.000 хектари со пченица, но сите процеси, транзиција, режим, затварање на агрокомбинати, незаинтересираност на младите и многу други фактори влијаеле на намалување на површините кои сега се зголемуваат. Но, сега со сите политики и мерки што ги преземаме имаме зголемувања на производството. Имаме огромен пораст и на преработките на зеленчук и овошје, од 60 милиони евра извоз, сега истиот е зголемен на 74 милиони евра. Или кај  тутунот што е стратешка домашна култура, девизниот прилив сега е 120 милиони евра“, изјави министерот Николовски, додавајќи дека фокусот е целосно на зголемување на производството на  стратешките килтури, за што веќе до министерството за финансии е доставен план што е тоа што треба да се направи на среден и на долг рок. Со планот е се предвидени мерки кои ќе придонесат за зголемени приноси од 30.000 тони пченица на среден рок и на долг рок Северна Македонија да не е повеќе увозно зависна од пченица.

Next Post

Зошто Путин се одлучи да нападне со хиперсоничните ракети Кинжал?

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk