РИБАРО
Секако дека ми пречи името на организацијата „Шарено лето“, изјави за АХА, градоначалничкта на Скопје, Данела Арсовска, во врска со не поддржувањето на Град Скопје на бесплатениот летен камп за деца во социјален ризик, што го организира пејачката и хуманитарка Кристина Арнаудова.
„Ви се молам, не може таму со наши пари да ми се башарат некои шарени пејачки хуманистки. Мислам дека зборот „шарени“ дури сме ние на власт во Скопје треба да се избегнува во секоја прилика, децидна е градоначалничката Арсовска.
Што ќе помисли мојот патрон Груевски ако поддржам манифестација со „шарено“ во името?“, изјави Арсовска за АХА.
Но, градоначалничке, се работи за летен камп за деца во социјален ризик, не смееме така, ја посоветува еден член од нејзиниот кабинет. „Шарено лето“ постои од 2017 година, и преку него стотици деца го доживеаа својот прв летен одмор, сугерираше тој.
Кој тоа вели дека не смееме? Ако добро се изменаџира сè се може, вели Арсовска.
Пренесете ѝ на Арнаудова, ако го смени името да не е Шарено лето, туку еве нека е Зелено лето, или што ти ја знам некое друго, дека има некаква шанса да се премислам. Со „шарено“, не доаѓа во предвид, заврши градоначалничката Арсовска.
Рубриката АХА! е простор за хумор и сатира. Секоја сличност со реалноста е намерна и не е претерана.
FRONTLINE.MK