ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Маричиќ: Евроинтеграциите не се само стратешки приоритет, туку и дел од домашната развојна стратегија

March 29, 2022 18:00
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Покажавме капацитет за реализација на проекти финансирани од грантовите на ЕУ, но и учество во бројни заеднички секторски политики на ЕУ, докажувајќи дека евроинтеграциите не се само стратешки приоритет, туку и дел од домашната развојна стратегија, изјави денеска вицепремиерот задолжен за европски прашања и национален ИПА координатор, Бојан Маричиќ, во обраќањето на тематската владина седница за ИПА проектите, јавува МИА.

Како што соопшти Секретаријатот за европски прашања, Маричиќ на седницата ги информираше министрите за почетокот на процесот на изработка на ИПА програмата за 2023 година, при што Владата ја разгледа и ja усвои Информацијата за почеток на програмирање на Акциската програма во рамките на ИПА 3.​

Маричиќ го објасни процесот на „созревање“ на проектите, како и правилата и условите за искористување на поддршката од ИПА на ефикасен начин со цел да се избегне губење на средства. Тој потсети дека целта на спроведувањето проекти финансирани преку ИПА е да се подобри животот на граѓаните, но и да се отворат нови работни места и затоа е клучно да се реализираат навремено и плански.

– Република Северна Македонија во моментов ги спроведува програмите преку Инструментот за претпристапна помош ИПА 2014-2020, а од средината на 2020 година започна со подготовка на програмските документи за спроведување на Инструментот за претпристапна помош 2021-2027 кои таргетираат одредени сектори како што се транспорт, животна средина, земјоделство, рече вицепремиерот Маричиќ.

Тој посочи дека преку овие проекти се обезбедува остварување на националните и секторските стратешки приоритети, кои воедно претставуваат приоритети на Европската Унија за земјата во делот на поврзувањето на транспортната инфраструктура, заштита на животна средина и спроведување на приоритети од Зелената агенда, како и поддршката на земјоделството и руралниот развој.

– Од Акциската програма во рамките на ИПА 3 се очекува да се утврдат приоритетите за финансирање на владините програми и проекти од овој инструмент за претпристапна помош на Европската Унија и во таа насока вицепремиерот Маричиќ за следната недела го најави состанокот на Програмската мисија ИПА 2023, на кој ќе бидат присутни и делегати од Европска Комисија, се додава во соопштението.

 

Next Post

Струмица подготвена за следење на вечерашниот натпревар Македонија-Португалија

Shortcut

Најново

Краматорск, 8 октомври 2026

Убиени во своите домови и во автобуси: Два дена руски терор во Украина, 52 загинати, меѓу нив пет деца

October 8, 2026
Мартин Тасевски

Пет празници ви се многу?

October 7, 2026

Anthropic меѓу Пентагон и технолошките гиганти: Безбедноста, цената и контролата стануваат поважни од најмоќниот модел на вештачка интелигенција

October 7, 2026

Градот може да биде дом, но како?

October 5, 2026

БиХ по изборите: Додик ја задржува моќта, поделбите се продлабочуваат, европскиот пат останува неизвесен

October 5, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Броила (фото: Електродистрибуција)

    ИНРМ против задолжителни паметни броила за сите домаќинства: Прво да се почитува законот, потоа нови трошоци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пет празници ви се многу?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Отсуство на чувството за време

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • На која страна си ти?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • А бе стока народ сме!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk