ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МАГАЗИН СЦЕНА

Трнливиот пат до успехот на Џесика Честејн

March 29, 2022 14:45
in ЖИВОТ, СЦЕНА
ABC News

ABC News

Share on FacebookShare on Twitter

Добитничката на последниот „Оскар“ за најдобра женска главна улога, за филмот „Очите на Теми Феј“, Џесика Честејн мина трнлив пат во животот за да стане една од најбараните, најплатените и најпочитуваните актерки во Холивуд. Во 2012 година, „Тајм“ ја вброи меѓу највлијателни личности во светот, а таа редовно се појавува и на листите на најубави жени во Холивуд.

Родена е во Сакраменто, Калифорнија, САД, во 1977 година. Нејзиниот татко тапанар и мајка ѝ – продавачка на брза храна биле тинејџери кога Џесика се родила, а таа има и две сестри и двајца браќа. Таа откри дека името на татко ѝ го нема во изводот на родените.

Никогаш не живеела со својот татко и не воспоставила врска со него, а нејзината мајка тогаш била со неколку партнери, од кои еден бил насилен. Среќата ја нашле со пожарникарот Мајкл Хејсти, за кого Џесика подоцна изјавила за медиумите дека е првиот семеен човек кој ѝ овозможил безбедност.

– Еден од партнерите на мајка ми влезе во собата и ми ја грабна облеката од подот. Сакаше да се исчистам, а кога му реков да ми ја врати, ми удри шлаканица. Инстинктивно го удрив со нога во меѓуножјето, тој падна на подот… Избегав… Бев горда на себе што му возвратив, раскажа таа во една прилика.

Таа нагласи дека на насилниците не треба да им се простува.

– Тоа обично се слаби луѓе кои се плашат од силни луѓе. Ако возвратите, тие ќе размислат пред да се обидат повторно да ве повредат!, вели таа.

На првите аудиции таа доживувала само отфрлање.

– Девојките на аудициите беа исончани слаби русокоси, а јас бев црвенокоса девојка со пеги и со облини. Ми велеа дека не сум „доволно убава, се потсетува таа.

Нејзината помлада сестра Џулиет се самоубила поради депресија и зависности. Имала само 24 години. Во нејзиниот говор по добивањето на првиот „Оскар“, завчера Џесика потсети на подигнување на свеста за спречување на самоубиствата.

– Нејзината смрт целосно ме промени. Ништо повеќе не беше важно. Сфатив дека глумата, филмовите, фустаните и „Оскарите“ се неважни, вели таа.

Тогаш таа размислуваше да се откаже од актерската кариера, но судбината сакаше да ги добие првите понуди за улоги во сериите „Итна служба“ и „Закон и ред“.

Нејзината прва голема улога во филмот беше во „Тајниот живот на куќните помошнички“ (The Help), која донесе номинација за „Оскар“ за најдобра споредна женска улога. Потоа ги снимила „Нула темни 30“ (Zero Dark Thirty) (исто со номинација за „Оскар“ за главна улога), „Мајка“ (Mom) и неколку други, коишто постигнаа завиден успех.

На ревија на куќата „Монклер“ го запознала Џан Лука Паси де Препосуло – син на италијански гроф. Поради неа, тој се пресели во Америка, а врската ја објавија јавно во 2013 година на забава пред „Оскарите“. Купиле стан во Њујорк, а во 2017 се венчале на имотот на неговото семејство во Карбонера, во присуство на многубројни познати личности. Една година подоцна сурогат-мајка им ја роди нивната ќерка Џулиета, а пред две години добија и второ дете чие име не се соопштува.

Заедно со „Оскарот“, таа сега има 99 филмски награди, покрај 152-те други номинации./МИА/.

Next Post

Тренчевска: Со Оперативниот план за 2022 година вреден 30 милиони евра опфативме околу 15.000 граѓани

Shortcut

Најново

Дина Дума е првата македонска режисерка што ја добива „Nora Ephron Award“ на „Tribeca“ фестивалот во Њујорк

June 13, 2026
Илустрација Фронтлајн

Владата на САД итно ги блокираа напредните AI модели Fable 5 и Mythos 5 на „Антропик“ поради национална безбедност

June 13, 2026

Нула денари штета и загадување – Случајот „Мазут“ од почеток до крај: Што покажуваат фактите?

June 13, 2026

Во Скопје ќе се одржи форум за безбедност за улогата на Западен Балкан во европската стабилност

June 13, 2026

Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

June 13, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во македонската рамка нема „бугарско Поглавје 35“: Софија не успеа да го наметне српско-косовскиот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Четирите сурови реалности за бизнисот со вештачка интелигенција: Дали колабира AI балонот?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 9 јуни 2026: Огнен налет, лидерство и оперативна брзина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk