ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

УЈП: Од денеска може да се аплицира за финансиска помош за исплата на минималната плата

April 1, 2022 11:18
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Од денеска може да се аплицира за добивање финансиска помош за исплата на минималната плата. На веб-страната на Управата за јавни приходи, веќе е поставен софтвер преку кој може да се поднесе барање за финансиската помош за исплата на разликата од придонесите на нето зголемената минимална плата.

– Работодавачите кои сакаат да користат ваква државна помош, при поднесување на МПИН, во полето 3.23 треба да ја внесат  шифрата 405, за сите вработени за кој побаруваат финансиска помош. Работодавачите  кои веќе ја  исплатиле мартовската плата, а не побарале финансиска помош, истото може да го сторат со поднесување на исправка со внес на шифра 103, само за вработените лица за кои бараат обезбедување на финансиска помош, појаснуваат од Управата за јавни приходи.

Право на користење на оваа финансиска поддршка имаат сите работодавачи кои не се ослободени од плаќање на придонеси од задолжително социјално осигурување или данок на личен доход за вработеното лице. Апликантите мора да имаат статус на активен обврзник и да ги имаат подмирено обврските за исплата на плата, придонеси од задолжително социјално осигурување и даноци, заклучно со последниот ден од февруари или сите следни месеци за кои ќе бараат ваква финансиска помош.

Финансиска помош неможе да користи работодавач кој користи субвенционирање на придонеси од задолжително социјално осигурување за работници заради зголемување на плата, обврзник кој користи мерка за субвенција на плата преку Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување, како и орган на државна и на локална власт и институција која врши дејност од областа на образованието, науката, здравството, културата, трудот, социјалната заштита и заштитата на детето, спортот, како и во други дејности од јавен интерес организирани како агенции, фондови, јавни установи и јавни претпријатија…

Работодавачите кои ќе добијат финансиска помош се должни работникот за кој ќе добијат поддршка да го задржат на работа најмалку една година по завршувањето на користење на мерката. Работодавачите кои нема да го испочитуваат ова правило, по отпуштање на работникот ќе треба во рок од 30 дена да го вратат износот на добиената помош. Оваа одредба нема да важи ако работникот за кои е добиена помош во меѓувреме се пензионира, ако настане смрт или пак ако работникот сам си даде отказ од работното место.

Финансиската помош се остварува по исплата на платата за месецот за кој се обезбедува. Исплатата ќе се врши преку Министерството за труд и социјална политика./MИА/.

Next Post

Депардје кој има и руско државјанство, ги осуди „неприфативите луди ексцеси“ на Путин

Shortcut

Најново

Живите лежечки полицајци

October 12, 2026
Референдумско изјаснување во Словенија, 11 октомври 2026 (Wikimedia Commons)

Референдумите ја поделија Словенија: Јанша загуби во клучното гласање, но доби поддршка за построги мерки

October 12, 2026
Михаил Звинчук

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА) Протеран од Црна Гора, засолнет во Србија: Звинчук и неодговорените прашања за руските мрежи на Балканот

October 11, 2026

Европа гради коридори, Скопје гради изговори: Политика изгубена во сопствениот лавиринт

October 10, 2026
Запорижиа, 10 октомври 2026 (ДСНС)

Црн биланс од руските напади минатата ноќ во Украина: 12 загинати, меѓу нив три деца во Запорижја

October 10, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Мартин Тасевски

    Пет празници ви се многу?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Отсуство на чувството за време

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Anthropic меѓу Пентагон и технолошките гиганти: Безбедноста, цената и контролата стануваат поважни од најмоќниот модел на вештачка интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Анализа на НОВА: Банките доминираат на Берзата – што значи тоа за економијата?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа гради коридори, Скопје гради изговори: Политика изгубена во сопствениот лавиринт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk