ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Како ќе можеме да го изговориме “Никогаш повеќе”?

April 4, 2022 20:21
in FRONTACTION, ZOOM IN, ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

ПИШУВА: Владанка Крстевски

 

Тага, гнев и разочарување по траорните слики кои што се распрослаа низ социјалните мрежи од улиците на Бурча.  Немам зборови со кои може да се опише губењето на доверба во човекот како интелектуално и емотивно суштество. Поминаа многу часови и во секој од нив се прашував само едно –

Како на нашите синови и ќерки кои ќе дојдат на светот ќе им ја раскажеме историската неправда за војната во Украина?

Како ќе им зборуваме за хоророт и виежот на загинатите луѓе кои ги гледаме на улиците?

Со кој образ ќе им раскажуваме приказни за мир и за тоа дека светот е безбедно место за живеење?

Баба ми често ми ги раскажуваше историските вистини за Втората Светска Војна, а кога бев во Берлин и се вљубив во градот (мојот споменик на мирот и слободата) – и донесов мал украс, беше тефтерче со мемориалниот центар посветен на убиените евреи во Европа. Таа го виде и и се насолзија очите – само ми кажа, “Вакво зло никогаш да не се повтори”

Баба ми тогаш била дете имала само 6 години. Кажете ми како ние ќе ги гледаме нашите деца?

Како ќе се гледаме ние самите во огледало кога пак ќе им кажеме “никогаш повеќе да не се повтори”?

А се повтори, и тоа бргу и тоа веднаш, дур да трепнеш.

Локви крв течат низ украинските улици, крици за спас одекнуваат над безживотните тела. Терор врз независна држава се случува скоро 40 дена – а ние, ние се молиме колежот да престане – и тоа е навистина најмногу што можеме да направиме, хуманитарно да помогнеме – гласно да викнеме СТОП НА ВОЈНАТА!

Безобразни и дрски се луѓето што можат да ја подржат поганата чевла на окупаторот, што можат да го величаат човекот кој утроби резба – безобразни се оние кои без трунка срам веруваат во пропагантата на “царот” кој се надевам за скоро – ко Ричард III само ќе вреска ” Кралство за коњ”.

Ќе падне сигурно, така завршуваат сите големи тирани низ историјата. Некои сами, некои во друштво – на некој народот им пресудува, на некој историјата – но сите завршуваат во истото купче на срамот и горат длабоко во подземјето каде што ниту еден грев не се простува.

Но дур да дојде тоа време кога сончогледите ќе замирисаат и ќе го видат сонцето на чисто сино небо – кој ќе ги смири сите разулавени срца низ метро станиците, кој ќе ги собере сите скршени спомени, разурнати животи и распарани копнежи. Кој ќе им даде рака за спас, и молитва?

Кој ќе им каже дека ќе биде подобро – кога таму секој ден станува само полошо.

Целосно ја изгубив вербата во човекот како интелектуално битие. Се вративме низ годините како цивилизација, пропаднавме како проект. Не успешни сме во мисијата да создадеме мир во светот кој толку многу и силно го ветуваме. Сите ние – ќе кажете не сме, но сме! Сите сме подеднакво одговорни за се што се случува на планетава, за секој куршум секаде, за се што е уништено. Светот e под функција на ефектот на пеперутката (butterfly effect) во теоријата на хаос, ефектот на пеперутката е чувствителна зависност од почетните услови во кои мала промена во една состојба на детерминистички нелинеарен систем може да резултира со големи разлики во подоцнежна состојба – Дали крилјата на пеперутката во Бразил предизвикува торнадо во Тексас? – не знам, ама едно со сигурност знам – а тоа е дека овој терор што се случува врз невиното население во Украина мора да заврши.

Светот заслужува подобро, светот мора подобро.

Ајде сите пак заедно да можеме да му дадеме шанса на МИРОТ:

За утре на нашите деца да им кажеме – ” Ти ветувам, никогаш повеќе нема да се повтори”.

 

 

Next Post

Маричиќ: Акциската програма за 2023 година во рамките на ИПА III со вредност од близу 108 милиони евра

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk