Полскиот премиер Матеуш Моравјецки денеска повика на меѓународна истрага за, како што го нарече „геноцидот“ извршен од руските војници во Украина, пренесува МИА.
Предлагаме меѓународна комисија да го истражи ова злосторство на геноцид, рече тој, мислејќи на убиствата на цивили во градовите, вклучително и во Буча, во близина на главниот град Киев.







