Утринава, на една од најфреквентните скопски раскрсници, осамна активистичка инсталација која се однесува на скорешното покачување на минималната плата на 18.000 денари, за разлика од деветте ијлади денари колку што изнесуваше во 2016 година.
Инсталацијата покрај тоа што го потенцира двојното зголмување на минималната плата, повикува и на достоинствено почитување на трудот на работникот и на натамошно покачување на платите преку пораката “18.000 денари плата нека биде само почеток”.