Куќата на познатиот композитор Чајковски е целосно уништена при напад на Русија врз Украина.
На 24-годишна возраст, познатиот романтичен композитор од 19 век престојувал во вила во градот Тростјанец, тогашен дел од Руската империја. Тука тој го компонира своето прво симфониско дело – увертирата „Бура“ (1864).
Вилата, како и остатокот од Тростјанец, сега е во урнатина по заземањето на градот на 1 март 2022 година за време на руската инвазија на Украина.
По еден месец окупација, каде што цивилите наводно биле убиени од руски рачни гранати, украинските сили употребиле силно гранатирање за да ја вратат контролата над Тростјанец.
Иако руската армија сега си замина по брутален месец, потсетниците за нивната окупација можат да се видат насекаде; зградите – вклучително и вилата – се уништени, а буквата „З“ е исцртана на урнатините и автомобилите низ градот.
VIDEO: Where Tchaikovsky lived, Russia leaves behind death and hunger.
Tchaikovsky, Russia’s most famous composer, once called Trostyanets home. Now the town in northeast Ukraine, like his old house, lies in ruins as residents count the cost of a month of Russian occupation pic.twitter.com/UhOAVRCTkp
— AFP News Agency (@AFP) March 31, 2022
Откако започнала инвазијата во февруари, храната и водата станаале опасно оскудни во Тростјанец, кој има 25.000 жители.
Жителите сега треба да се редат пред Музичкото училиште за деца „Чајковски“, до истоимениот музеј, за да соберат храна.
Градоначалникот на Тростјанец изјавил дека е премногу рано да се даде проценка за тоа колку од граѓаните на неговиот град биле убиени.
Цивилите во Тростјанец, наводно, биле цел на рачни гранати кога протестирале против руската окупација, во која загинале двајца.
Поради ужасните сведоштва на жителите на градот и другите делови на Украина, во понеделникот претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, ја поддржа истрагата за пријавените руски воени злосторства во земјата.
По разговорот со украинскиот претседател Володимир Зеленски, фон дер Лајен рече дека истражителите на ЕУ ќе му помогнат на Киев да ги испита извештаите од украинските официјални претставници и невладините организации дека руските сили масакрирале и сексуално нападнале цивили во градовите во близина на главниот град на Украина.
В.Крстевски