ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Џафери и Мања со очекување до јуни да се надминат блокадите за евроинтеграцијата на Северна Македонија и Албанија

April 7, 2022 15:00
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Собранието, Македонија Талат Џафери на денешната средба со министерот за правда на Албанија, Улси Мања, ги потенцираше досегашните одлични билатерални односи меѓу двете земји, со констатација дека нè  врзува заемно и искрено пријателство и соработка кое има тенденција во наредниот период уште повеќе да се зајакнува во рамките на ЕУ-интеграциите, соопшти Кабинетот на Џафери.

Претседателот на Парламентот истакна дека очекува до јуни оваа година да има и некоја позитивна разврска на заедничките аспирации на двете земји за започнување на преговорите со Европската Унија.

– Со гостинот заемно констатираа дека двете земји ја следат заедничката и усогласена политика на НАТО и ЕУ и ја осудуваат руската воена агресија врз Украина со заеднички апел за смирување на ситуацијата и прекин на воените дејствија, а сè со цел да се дојде до мирно решавање по дипломатски пат и да се избегнат големите материјални штети и несакани жртви. Министерот Мања изрази задоволство и благодарност за средбата со претседателот на Собранието Џафери и искажа висока почит за неговата улога во градењето релаксирана политичка клима, како во Собранието, така и во државата. Изрази уверување дека пријателските односи меѓу двете соседни земји ќе продолжат да се развиваат и во наредните години, се наведува во соопштението.

 

Поводот за престој на министерот за правда на Албанија во земјава е конференција на министрите од земјите на Западен Балкан со фокус на борбата против корупцијата.

– Министерот Мања изрази надеж дека и на овој план, земјите од регионот ќе покажат добри резултати. Исто така, албанскиот министер се приклучи на констатацијата на претседателот Џафери дека до  јуни навистина ќе има некој позитивен исход во контекст на аспирациите за членство во ЕУ и дека ќе се надминат блокадите, што ќе биде исклучително значајно за двете земји. На крајот и двајцата соговорници се согласија дека интензивната политичка соработка ќе продолжи и во наредниот период, со проширување на секое поле од заемен интерес, информира Кабинетот на претседателот на Собранието Џафери.

Next Post

МТСП: И за време на штрајкот градинките ќе работат, а децата ќе бидат згрижени

Shortcut

Најново

Краматорск, 8 октомври 2026

Убиени во своите домови и во автобуси: Два дена руски терор во Украина, 52 загинати, меѓу нив пет деца

October 8, 2026
Мартин Тасевски

Пет празници ви се многу?

October 7, 2026

Anthropic меѓу Пентагон и технолошките гиганти: Безбедноста, цената и контролата стануваат поважни од најмоќниот модел на вештачка интелигенција

October 7, 2026

Градот може да биде дом, но како?

October 5, 2026

БиХ по изборите: Додик ја задржува моќта, поделбите се продлабочуваат, европскиот пат останува неизвесен

October 5, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Броила (фото: Електродистрибуција)

    ИНРМ против задолжителни паметни броила за сите домаќинства: Прво да се почитува законот, потоа нови трошоци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пет празници ви се многу?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Отсуство на чувството за време

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • На која страна си ти?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • А бе стока народ сме!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk