Целата армија на Путин делува како специјални трупи на СС, кои беа користени на териториите окупирани од Рајхот за геноцид врз локалното население, пренесува Кореспондент.
Русија не се откажува од заземањето на целата територија на Украина, а неодамнешните изјави на раководството на Руската Федерација укажуваат на тоа дека тие сакаат да воспостават сопствен поредок низ Евроазија – до Лисабон. Ова на прес-конференција во четврток, 7 април, го соопшти заменик-министерка за одбрана Ана Маљар.
Таа потсети на неодамнешните зборови на третиот претседател на Русија, Дмитриј Медведев, кој рече дека нивните планови се Евроазија – од Владивосток до Лисабон.
„Значи, сакам да ви кажам: ова значи дека ќе има Буча од Владивосток до Лисабон“, рече Маљар.
Таа, исто така, нагласи дека ако Хитлер имал специјални трупи на СС за да го извршат геноцидот врз локалното население на териториите окупирани од Рајхот, тогаш Путин ја има целата своја војска како Waffen-SS.
Според Маљар, руските државни пропагандни ресурси отворено зборуваат не само за „денацификација“ на Украина, туку и за уништување на сите кои се сметаат себеси за Украинци.
Маљар предлага да не се минимизира варварството не само на руската држава, туку и на руското општество, бидејќи, според анкетите, мнозинството Руси ја поддржуваат војната во Украина, а процентот на оваа поддршка расте.
Истите анкети покажуваат дека Русите се подготвени да ги издржат неволјите за да може Русија да ја преземе Украина, додека Украинците се подготвени да издржат тешкотии за да ја одбранат својата слобода.
Од ова произлегува, смета Малар, дека руското општество е заразено со нацизам и сноси целосна одговорност за овие злосторства.
Да потсетиме дека неколку дена претходно, заменик-претседателот на Советот за безбедност на Руската Федерација Дмитриј Медведев изјави дека целта на Русија е да изгради отворена Евроазија од Лисабон до Владивосток.
Претходно, градоначалникот на Буча изјави дека речиси 90 отсто од луѓето кои загинале во Буча биле застрелани.
превод: Жорж Димовски