Фотографии од мистериозна украинска снајперистка станаа вирални. Досега ниту еден медиум не го објави идентитетот на храбрата украинска снајперистка, која според описот на Твитер, е позната под прекарот „Угљенка“ или Јагленка на македонски јазик. Женската храброст е безгранична, а тоа го покажале делата на илјадници жени и девојки коишто се соочиле со воена агресија низ историјата и сè уште се соочуваат.
A Ukrainian female sniper who goes by “Ugoliok” which means charcoal.? pic.twitter.com/WOQHPMu2WC
— Anastasiia Lapatina (@lapatina_) April 3, 2022
Во медиумите многу често ја споредуваат со најпознатата снајперистка од Украина, Људмила Павличенко од Била Церква ( Бела Црква), за која е познато дека за времена на Втората светска војна ликвидирала 309 нацисти и беше прогласена за народен херој на тогашниот Советки Сојуз.
Павличенко била родена во Била Црква, Кијивска област на 12 јули 1916 година (според новиот календар, или на 29 јуни според новиот), а починала од мозочен удар на 58 годишна возраст или во 1974 година и е закопана во Москва.
Според податоците на Википедија, по завршувањето на Втора светска војна, Павличенко го завршила своето образование на Универзитетот во Киев и започнала кариера како историчар.
Од 1945 до 1953 година, била истражувачка асистентка во штабот на советската морнарица. Подоцна била активна во Советскиот комитет на воените ветерани. Во 1957 година, Елеонор Рузвелт ја посетила Павличенко во Москва, за време на посетата на Советскиот Сојуз.
Павличенко постојано се борела со депресија поради загубата на нејзиниот сопруг во војната. Таа, исто така, страдала од посттрауматско стресно растројство и алкохолизам, фактори за кои се верува дека придонеле за нејзината рана смрт.
И. З.