ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МОЗАИК

Муратов за Фронтлајн: Стереотипите и предрасудите кон Ромите сè уште постојат, се надевам ќе се надминат

April 8, 2022 16:49
in ZOOM IN, АКЦЕНТИ, ДЕНЕС, МОЗАИК, ОПШТЕСТВО
Дехран Муратов, ЦИВИЛ Фото: Фронтлајн

Дехран Муратов, ЦИВИЛ Фото: Фронтлајн

Share on FacebookShare on Twitter

За разлика од минатите години кога бевме сведоци дека Ромите беа влечени за уши и носени на гласање, каде што беа враќани од граница поради нивната етничка припадност или малку потемна боја на кожа, денес таа ситуација ја нема, во изјава за Фронтлајн вели новинарот Дехран Муратов од ЦИВИЛ.

Муратов истакна дека денес Ромите не се соочуваат со тие проблеми, туку напротив имаат слобода за кого, како и дали ќе гласаат воопшто, одат надвор од државата кога сакаат и никој не им прави проблеми.

„Имаше некои мали инциденти, кои не беа поради нивната етничка припадност. Тоа беше поради пандемијата кога им се бараше одредени документи, одредени лица сакаа поради нивната етничка припадност да го прикажат тоа што се случуваше во минатото“, вели Муратов.

За среќа, вели Миратов, таа пракса веќе ја нема, таа дискриминација веќе ја нема но може да кажеме дека ситуацијата не е толку сјајна во државата кога се работи за Ромите.

„Бевме сведоци минатата година во Кочани каде што имаше проблем Ромите да се движат по улиците и да живеат, каде што имаше транспаренти од страна на македонците  и ден ден ја памтам Само преку нас мртви. Се надевам дек тој транспарент го нема веќе, а се надевам дека и во нивните мисли тоа го нема. Не е работата само да го тргнат транспарентот туку треба да го тргнат воопшто и од нивното секојдневно живеење“, вели Муратов.

Тој истакнува дека говорот на омразата е тоа што интензивно се случува на социјалните мрежи кон ромската етничка заедница. Муратов нагласува дека институциите тоа не го гледаат, не го детектираат и тоа дава многу погрешна слика за Ромите. Односно вицовите коишто се прават за ромите продолжуваат.

„Ако кажеш еден виц на некој начин се отсликува реалноста за еден народ, како се мисли дека тие се мажат на 12,13 години , имаат вошки, спијат на таван не знаат да се бањаат. Тој стереотип, тие предрасуди сè уште постојат кај дел од граѓаните и се надевам дека во текот на годините и следниот период тоа ќе се намалува“, вели Муратов.

Дехран Муратов, ЦИВИЛ Фото: Фронтлајн

Тој посочува дека пред сè медиумите имаат влијание во овој проблем каков наратив се создава за Ромите, односно покажуваат пред се позитивни примери.

„Наместо да прикажат дека има некоја Ромка која што се мажи на 16 години за Белгија, треба да направат интервју со некоја Ромка која што работи кај Претседателот, Народен правобранител, Влада, институции и образование каде што ќе даваат позитивен пример и ќе ги потикнуваат младите Роми и Ромки да се запишуваат во образование каде што утре нема да бидат исмејувани дека тие се мажат за Белгија и ниту името не му го знаат на човекот“, нагласува Муратов.

Муратов вели дека она што е интересно како статистика, е тоа дека веќе не е традиција која што Ромките се мажеа млади. Нагласува дека сега веќе таа традиција ја нема, но останува наративот дека тие сè уште се мажат како млади Ромки.

„Имаше истражување пред извесен период дека има околу 500 малолетнички бракови во текот на годината и целиот случај се пренесе дека тоа се всушност Ромките, но кога ќе ја видиме статистиката всушност најмал број беа Ромки“, потенцира Муратов.

Муратов пренесува порака за Меѓународниот ден на Ромите и истакнува да не биде само денеска ден на Ромите.

„Денот на Ромите беше вчера, а денот на Ромите треба да биде и утре. Тоа е она кое сакам да го пренесам на луѓето дека не треба само еден ден да им се даде простор на Ромите да зборуваат за своите права и од утре веќе тие да бидат заборавени. Напротив денес може да кажеме дека повеќе ќе се отстапи простор, па ќе има и свечени отварања и коктели. Тоа нека биде во добра позитивна пракса. Но да не остане само на коктели, напротив, од утре веќе да им се даде простор за докажување дека и тие можат да придонесат не само за заедницата туку и за општеството генерално“, истакна Дехран Муратов.

Мартина Ацковска

 

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Приказна за лавот и глушецот

July 12, 2025
Фото: МИА

Музичко-сценски спектакл вечер на Антички за отворањето на 65. издание на фестивалот „Охридско лето“

July 12, 2025

Тошковски со дилема за инцидентот со Арсовска: Се поставува прашање, да не случајно жртвата во овој случај којашто се прикажува во јавноста, е токму оној што предизвикал физички напад

July 11, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Јане Ѓорѓиоски.

    Гордоста ми удри во чело – и ми извади око

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Чупеска за Фронтлајн: Власта ја занемарува интеркултурната комуникација и ги продлабочува поделбите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Tошковски: Имало физички контакт при нападот врз Арсовска, но лага е дека се се случувало пред полицијата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зоран Кардула со нова самостојна изложба: „Flora Imaginarium“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Арсовска со драматични обвинувања кон МВР: Се обидуваат да го заташкаат тепањето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk