Дмитриј Песков, портпарол на рускиот претседател, вели дека војната во Украина ќе заврши „во догледна иднина“.
Тој за ова им кажа на новинарите, пренесува Censor.NET, повикувајќи се на руски Интерфакс.
На прашањето за времето на крајот на војната, тој одговори:
„Се работи за догледна иднина.
И на прашањето што точно дава причина да се мисли така, тој рече:
„Операцијата продолжува, целите се постигнуваат. Предметна работа се врши и од војската во однос на унапредување на операцијата и од преговарачите кои се во процес на преговори со украинските колеги.
превод; Жорж Димовски