Подољак истакна дека привременото примирје со Русија е патот до војна. Михаило Подољак, советник на шефот на Кабинетот на претседателот, смета дека секое привремено примирје со Русија е начин за понатамошна ескалација, па затоа за такво што не може да стане збор, изјави тој во интервју за ACS.
Според него, преговарачкиот процес меѓу украинската и руската страна не запира. „Привременото примирје со Руската Федерација е секогаш начин за понатамошна ескалација и војна. Така не може да биде. Неопходно е да се воспостават такви услови што нема да ѝ дозволат на Русија ниту да помисли да пука на територијата на Украина или да ги премине нашите граници. Привременото примирје е поттик за Русија за понатамошни агресивни дејствија“, рече Подољак, тој исто така, истакна дека без вистински превентивни механизми за спречување војна, ниту еден договор нема да функционира. „Нема да одиме на тоа, ова е прашање на принцип“, рече тој.
превод: Жорж Димовски