ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Ковачевски на Форумот Делфи: Економски развиен Балкан интегриран во ЕУ е врвен приоритет

April 9, 2022 11:37
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски денеска имаше обраќање на Економскиот Форум Делфи со акцент на актуелни прашања во светски рамки, за кризата предизвикана од воената агресија врз Украина, за билатералната соработка меѓу нашата земја и Грција, по потпишувањето на договорот и членството во НАТО, за итноста на процесот за членство на нашата земја во Европската Унија, како и за регионалната соработка, информираат владините служби.

Уредникот за надворешна политика на грчки „ТА НЕА“, Михалис Митсос разговорот со премиерот Ковачевски, го започна со важноста од решавањето на билатералните прашања кои обично по нивното затворање стануваат минато.

„Дискусиите за отворените прашања престануваат само тогаш кога ќе се решат. Беа потребни храбри одлуки и во 2018 се донесе одлука која што за Северна Македонија го донесе членството во НАТО и безусловната препорака за пристапни преговори за ЕУ. Денес Грција е наш голем партнер и заедно поставивме основа за добра идна соработка и развој на односите меѓу двете земји, но и просперитет во целиот регион“, рече Ковачевски.

Од Економскиот Форум Делфи во Атина, премиерот Ковачевски истакна дека Северна Македонија негува добрососедски односи и настојува секогаш сите отворени прашања да ги решава низ дијалог и во атмосфера која нема да ги продлабочува разликите, туку напротив, ќе ги приближува колку што е можно повеќе.

Во однос на соработката со Бугарија, премиерот Ковачевски рече дека со бугарскиот премиер Петков во последниве два месеци ги интензивираа разговорите меѓу Северна Македонија и Бугарија со искрена волја да се направат чекори на доближување, на соработка и на доверба за решенија за билатералните прашања.

Премиерот Ковачевски потенцираше дека е од исклучителна важност Северна Македонија да ги започне преговорите за пристапување во Европската Унија, затоа што во спротивно одлагањето на тој процес го охрабрува и зајакнува интересот на трети страни во регионот.

„Западен Балкан отсекогаш бил сфера на интерес на Русија и на други држави и ние го гледаме нивното присуство во регионот, но ние имаме јасна цел, јасно разбирање меѓу политичките партии во владината коалиција во однос на нашето стратешко припаѓање. Во минатото ЕУ не го исполни ветувањето, создаде празнина, затоа сега ова е прашање кое има приоритет да се реши што е можно побрзо, прво со взаемен договор со Бугарија, а потоа и со одобрување на преговарачката рамка од страна на ЕУ“, истакна премиерот Ковачевски на Форумот Делфи.

Во однос на војната во Украина, Ковачевски нагласи дека таа мора да престане веднаш.

„Ние не сме членка на ЕУ, но ги делиме истите вредности  и ја усогласивме нашата политика со таа на ЕУ. Санкциите не се кон рускиот народ, туку врз рускиот режим кој треба да разбере дека војната не може никому да му донесе добро и дека крајот сите ќе бидат во позиција на загуба затоа што последиците ќе бидат еднакво лоши за сите“, истакна Ковачевски.

Во завршницата на своето обраќање на Делфи форумот, премиерот Ковачевски се осврна и на соработката во регионот и посочи дека Западен Балкан, како неизбежен дел од Европа, иднината ја има исклучиво во соработката за просперитет, за зацврстување на економската соработка и во зајакнување на довербата.

Next Post

Петровска: Ниту една стратегија за хибридни закани не може целосно да биде имплементирана ако во неа не учествуваат сите актери во државата

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk