ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КОМЕНТАРИ

Не се сите исти ако едните гонат криминалци, а другите ги штитат

April 9, 2022 13:44
in ZOOM IN, ДЕНЕС, КОМЕНТАРИ, КРИМИНАЛ, ПРАВДА, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

Обвинителската истрага за Мухамед Зекири, доскорешен генерален секретар на Владата, е последна од неколкуте кои Јавното обвинителство ги покрена за функционери од власта, некои завршија и со обвинителни акти, а во тек се и неколку судски процеси. Ако се следат овие примери тогаш недвојбено е мислењето дека оваа власт постапува поинаку од децениската власт на ВМРО ДПМНЕ кога станува збор за криминалот во своуте редови, кога Никола Груевски ги штитеше своите високи партиски соработници, а потоа се покажа дека така се штител и самиот себе. Според зборовите на обвинителката Вилма Русковска, која уверува дека има јасен случај со финансиски криминал, станува извесно дека ќе следува судски процес против Зекири, инаку претходно пратеник во парламентот.

СЕ ИЗНАРЕДИЈА ФУНКЦИОНЕРИ НА ВЛАСТА

Во ноември 2020 година медиумите го пренесоа соопштението на Кривичниот суд со кое беше известена јавноста дека им се одземени патните исправи на поранешната директорка на Националната агенција за европски образовни програми, Лидија Димова и на нејзиниот соработник Александар Гочев, но им одреди и забрана за вршење на одредени работни дејствија. Со овој случај практично се потврди дека власта на СДСМ има поинаков пристап во борбата против корупцијата.

Зоран Заев, додека беше премиер, постојано истакнуваше дека законот мора да важи за сите подеднакво за да имаме правна држава.

Потоа, за многумина беше неверување, но истрага беше покрената и против министерката Фросина Ременски, која беше и потпретседателка на парламентот, обвинета е за финансиски малверзации во досието „Меѓународен сојуз“, а пред неколку дена првостепениот суд донесе ослободителна пресуда за неа. Обвинителката во предметот во изјавата за медиумите нагласи дека не се согласува со ваквата судска одлука и дека ќе подготви жалба до повисокиот суд затоа што смета дека во предметот има јасни докази кои укажуваат на влијанието на Ременски во целиот случај.

Не помалку изненадена беше јавноста кога претходникот на Зекири, Драги Рашковски заврши во притвор, а потоа и започна судски процес за негови злоупотреби на функцијата со софтвери за кои обвинителството тврди дека му донеле незаконска материјална корист. Граѓаните се сеќаваат дека Заев многу често повторуваше дека тој лично не верува во ставот на обвинителството дека Рашковски е виновен и нагласуваше дека очекува позитивен исход за неговиот колега. Но, таквата јавна изјава немаше свое влијание врз истражните органи, тие го занемаруваа ваквиот, ако може да се протолкува како индиректен притисок. Едноставно се водеа од доказите и за случајот ќе има пресуда. Ако се следат настапите на обвинителите во предметот против Рашковски тогаш нему му се заканува затворска казна.

Во иста, непогодна ситуација сега е и Зекири. Ако обвинителството изгради случај со докази тогаш и нему му виси судски процес и е соочен со пресуда. Покрај овие важни предмети за враќање на довербата на граѓаните во судството, но и општо, во независноста на институциите, тогаш не смее да се исклучи активноста на Комисијата за борба против корупцијата, која постојано алармира за случаи на функционери од власта, преку независни и слободни постапки, со што се остварува смислата на нејзиното постоење.

МИЦКОСКИ ЛИЧНО СЕ ЗАПОЗНА СО НЕЗАВИСНОТО СУДСТВО

Во ова набројување на факти кои ја прават разликата во владеењето, може да се споменат и судските процеси кои ги имаше лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, за клевета, едниот против СДСМ, другиот против лидерот на Интегра, Љупчо Ристевски, а при тоа судот одлучи во полза на Мицкоски. Со овие судски одлуки се отфрлаат тврдењата на опозицијата дека власта врши притисоци врз судиите и дека има влијание во носењето судски одлуки. Сепак, и покрај очигледните примери со истраги и со судски одлуки, ВМРО ДПМНЕ продолжува со обидите да го популаризира рејтингот со постојани обвинувања за независно судство, за узурпирани обвинителства и судови, нешто кое впрочем останува врежано како карактеристика за нивното владеење.

Нивната окупација на институциите беше толку очигледна, за потоа кога се потврди со прислушуваните материјали, не постоеше друг излез освен да се формира СЈО и да се отворат десетици предмети за криминалното владеење, нешто од кое Мицкоски никогаш не се огради, иако за предметите против неговите сопартијци има и пресуди, а некои од нив одамна се во затвор на издржување на казните. Напротив, Мицкоски не собра храброст, а не е тешко да се претпостави дека стравот му го држи Груевски, јавно да ги осуди постапките на голем број припадници на ВМРО ДПМНЕ, а потоа ако сакаше чесен пристап во политиката да ги тргне обвинетите од раководството и од органите на партијата. Наместо тоа, граѓаните се сведоци како Мицкоски не пропушта прилика да отпатува во Будимпешта, како нема намера да расчисти со оние за кои има процеси за криминал, и како и понатаму ќе остане да манипулира за постоење независно судство и покрај поинаквите факти.

Заштитата на своите соработници од страна на Мицкоски е продолжение на истата политика на Груевски. А сето тоа започна со долгите обиди на ВМРО ДПМНЕ да го блокира Законот за јавно обвинителство со кој требаше предметите на СЈО да преминат во надлежност на редовните обвинителства, што и на крајот се случи, иако Мицкоски даде се од себе тоа да не успее. Од тогаш наваму тој е на линија со своите осудени или обвинети соработници, а дури јавно неговата партија и неговите аналитичари ги штитат припадниците на групата која упадна во парламентот со намера да го загрози уставниот поредок и да изврши ликвидации на пратеници. И сега како сите може да се исти, ако едните гонат за криминал свои функционери, а другите не се оградуваат од своите криминалци и се ставаат во одбрана на осудени терористи?

Д. Е.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Палестинското Министерство за здравство тврди дека 57 деца во Газа починале од глад

May 13, 2025

Калас: Русија реално не е заинтересирана за мир во Украина

May 13, 2025

Над 60 милиони туристи лани ја посетиле Италија

May 13, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: О. Бошњаковски / ФРОНТЛАЈН

    Затворени 13 научни институти, уште 13 под силен мониторинг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Таравари ја напушта владата за да не е „кукла“, ВЛЕН остануваат да го легитимираат владеењето на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • НАСА: Мисија на Марс в година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски е тажен, сака авион – ама нема

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk