ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Николовски: Донесовме Интервентен фонд за поддршка на земјоделците кој до крајот на годината ќе достигне 600 милиони денари

April 10, 2022 09:09
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Како Влада и министерство посветено работиме и ги помагаме земјоделците. Подготвивме и донесовме Интервентен фонд во вредност од 400 милиони денари, а преку дополнителните мерки кои ќе бидат донесени и есенската сеидба, до крајот на годината овој фонд ќе достигне вредност од 600 милиони денари, изјави министерот Николовски, во гостување во вестите на Сител телевизија, информираат од министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Министерот Николовски посочи дека целта на министерството е преку Интервентниот фонд и Планот за производство на храна, да ги мотивира земјоделците и да им ги олесни трошоците за производство на стратешки култури, но и да се зголеми домашното производство, а со тоа да се намали увозната зависност на нашата земја од овие култури.

“Ние целиот период претходно макотрпно работевме со сите подсекторски групи, посебно со подсекторската група за жито, се со цел да имаме јасна слика за потребите на земјоделците и да донесеме точни мерки за поддршка. На располагање беше и Факултетот за земјоделски науки и храна кој директно се вклучи во подготовката на Планот за производство на храна, кој Владата оваа недела го донесе, односно првите мерки од овој план. Овие мерки имаат за цел да го мотивираат производството, но и приносот. За секој еден хектар пченица земјоделците ќе добијат 4000 денари само за вештачко ѓубриво и ако остварат принос од 4000 килограми по хектар добиваат дополнителна субвенција од 5700 денари. Кај сончогледот добиваат 2.500 денари по хектар за вештачко ѓубриво и 5700 денари дополнителна субвенција доколку остварат принос од 1,5 тон по хектар и истиот го предадат во преработувачки домашен капацитет“, рече министерот Николовски.

Министерот Николовски потенцира дека земјоделците навремено и брзо ќе ги добиваат парите, а плаќањето ќе се врши на недела основа преку посебно утврден модел за исплата со Платежната Агенција. Целта е земјоделците веднаш да имаат пари за почеток со оваа сезона при набавка на ѓубрива и прихрана.

“Планот за производство на храна предвидува и активирање на дополнителни земјоделски површини. Секоја педа обработливо земјиште ја ставаме на располагање за производство на стратешки култури. Веќе има подготвен јавен оглас, кој Владата треба да го донесе, за доделување на 6.000 хектари за зголемување на производството со житни култури. Дополнително како министерство разгледуваме и можност за ставање во функција и на приватното необработливо земјоделско земјиште преку подготовка на посебен концепт како истото да биде ставено на располагање за производство на храна“ изјави министерот Николовски.

Во однос на одлуката од страна на Владата во Република Србија за донесување на одлука за доделување на рафинирано и нерафинирано масло за јадење, министерот Николовски изјави дека е во постојана комуникација и оваа одлука ќе биде донесена на следната владина седница во Република Србија.

“Оваа недела Владата на Република Србија ја донесе одлуката за тргање на забраната за нас, а се однесува за 100.000 тони пченица и 20.000 тони пченка и тој процес веќе започна. Се подготвува и сум во постојана комуникација со потпретседателот на Владата Недимовиќ, за на следната седница на Владата во Србија да помине и оваа одлука за рафинирано и нерафинирано масло за јадење“ изјави министерот Николовски.

Министерот упати порака за смиреност, лажните вести и паника нема да донесат ништо добро за граѓаните. Само заедно и сплотено можеме да помогнеме на македонското земјоделство.

Next Post

МВР: 216 сообраќајни прекршоци во Скопје, 40 за управување под дејство на алкохол

Shortcut

Најново

Избори во Србија – остри кампањи, Вучиќ ја врзува опозицијата со „странски служби“, студентите со кампања од врата до врата

October 4, 2026
Броила (фото: Електродистрибуција)

ИНРМ против задолжителни паметни броила за сите домаќинства: Прво да се почитува законот, потоа нови трошоци

October 4, 2026

31 година од атентатот врз Киро Глигоров: Сторителите и нарачателите сè уште непознати

October 3, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Броила (фото: Електродистрибуција)

    ИНРМ против задолжителни паметни броила за сите домаќинства: Прво да се почитува законот, потоа нови трошоци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • А бе стока народ сме!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од Алфа до Алта: Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА за банкарските преземања и политиката зад нив

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Градот останува, животот исчезнува

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фон дер Лајен дојде и си замина: По комплиментите, условите останаа исти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk