ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КОМЕНТАРИ

„Грижа” за руската култура

April 11, 2022 17:45
in ZOOM IN, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС, КОМЕНТАРИ, СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ
Никица Корубин

Никица Корубин

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: НИКИЦА КОРУБИН

Има еден интересен феномен, деновиве, а тоа е зголемената грижа за руската култура, односно, третманот на руската култура “во западните земји”. Па, има, згрозеност и чудење, како наводно, се третираат руските класици, во музиката и литературата, или пак руската модерна во сликарството. Како пример, се земаат, изолирани случаи на ад хок тргнување од репертоар на дела на руски автори или затекнати изложби. И не е темата, како ние треба да се поставиме кон било која култура, туку како воопшто ја третираме културата во “мирновременски” услови, какви што сигурно не се деновиве или уште подобро, како се поставуваме кон апсолутно ненормалните услови, какви што се сега во Украина? И како ги толкуваме реакциите (на гнев, на немоќ, оправдани, неоправдани)?

Исто така, интересно е, како нема подеднаква грижа за украинската култура, која е во буквална, а не во метафорички смисла, загрозена, од физичко уништување во најмала рака; а и генерално брутално и витално загрозена, како начин на живот на самите украинци; па дури и дискутабилен е крајниот исход на оваа војна. Оваа војна, со нескриени геноцидни намери, ја загрозува и обесмислува културата на создаденото, во самата суштина; а грижата, апсурдно оди кон наводната цензура што се прави кон руската култура. Но, дали руската култура, е воопшто таргет на грижа или всушност таргет на осуда е “западот”? Со други зборови, “страшен и примитивен” е “западот” со својот “третман” кон руската култура; ама не е страшен и примитивен третманот на Русија кон Украина во целост, како држава, како општество и секако како култура?

Руските дела, никој не ги уништува, и тие секако нема да го изгубат своето место и улога во светската култура, макар и биле маргинализирани на момент, иако тоа не се, во размер, во кои е реакцијата за нивна одбрана. Ама, украинската култура, може да биде уништена пред наши очи, со јасна намера и да биде уништена. И тука нема посебна грижа за украинската култура, туку тоа во нашите очи, оди во пакет со се’ друго: па, војна е, па нормално е нели? Ама, како дојде до таа војна? И како се одвива таа војна? Нормално?

Кога пред неколку години, во Македонија гостуваше еден од најголемите автори на дваесетиот век, турскиот писател Орхан Памук, во организација на Табернакул, а со поддршка на тогашната “режимска” влада, а приемот и настанот беше оддржан во “озлогласениот” Македонски народен театар во Скопје 2014, истиот оној кој во меѓувреме, а и тогаш, одушевено се користи; реакциите на “слободоумната и независна” јавност, која веројатно и сега “се грижи” за руската култура; беше практично повик на бојкот. Инаку, тогаш на истата свеченост, беше и рускиот писател Виктор Ерофеев. Тогаш, не се сеќавам, дека имаше голема “грижа” за турската култура или пак, за истата руска култура. Или тогаш беше опортуно да се биде против културата?

Се чини дека немало потреба, бидејќи секако културата е само предметот, друго е целта на одбраната и нападот, последователно. Сега и секогаш. Некој тоа го прави директно, некој затскриено. Затоа што сите сме политички битија. И добро е јасно да ги кажеме нашите политички ставови, но и да го превземеме пакетот, она што оди со таа одбрана, а потоа и одговорноста. И да не се повикуваме на културата селективно, затоа што на тој начин ние први ја (зло)употребуваме. Кога сме веќе кај неа, некој да се загрижеше за нашата култура, која и без војна, успеваме да ја девастираме … или добро ни дојде што фокусот на УНЕСКО на пример е на Украина, па конечно на раат ќе не остават “културно” да се посветиме на Охрид, охридскиот регион и се’ по ред. Агресори? Што тоа беше …

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Палестинското Министерство за здравство тврди дека 57 деца во Газа починале од глад

May 13, 2025

Калас: Русија реално не е заинтересирана за мир во Украина

May 13, 2025

Над 60 милиони туристи лани ја посетиле Италија

May 13, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: О. Бошњаковски / ФРОНТЛАЈН

    Затворени 13 научни институти, уште 13 под силен мониторинг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Таравари ја напушта владата за да не е „кукла“, ВЛЕН остануваат да го легитимираат владеењето на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • НАСА: Мисија на Марс в година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски е тажен, сака авион – ама нема

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk