ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Аферата Дневен автобуски билет

Сега за дневниот билет на ЈСП. Да и објасниме на Данела А, Зошто донесе одлука за дневен билет, истата која ја донесе минатиот состав на Советот и градската администрација: Во Скопје освен жителите на градот, добро е градскиот превоз да го користат и туристите, патниците намерници и оние кои се по работа во Скопје само на еден ден.

April 13, 2022 12:31
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ФРОНТ
Васко Лазаревски

Васко Лазаревски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува:  ВАСКО ЛАЗАРЕВСКИ 

Градот Скопје е супер систем, единствен по својата комплексност и големина во државава. Градот убав треба, исто така, да биде и жив споменик на цивилизацијата која тука постои и се развива, постојано еволуирачки симбол на вредностите на неговите жители и на Република Северна Македонија чиј главен град е. Огромен број функции мора да функционираат на најмалку задоволително ниво за да не дојде до нивен колапс и да не се наруши секојдневниот живот на Скопјани и на сите кои гравитираат околу градот и ги користат услугите и службите во него. Вода, струја, греење, образование, транспорт, управување со просторот, зелени површини, култура, спорт и рекреација… Сите овие се сектори без ччие делување не може да постои градот, но освен техничкото менаџирање, потребна е и визија за да се утврди насоката во која градот ќе се развива.

Дел од тие функции е и системот за јавен превоз во градот. И како и за сите други системи, така и за овој најбитно е да се има визија како ќе се развива и одржува. Затоа, сметам дека е потребно едно мало појаснување за дневниот билет за ЈСП кој во моментов се воведува.

Се чини дека Данела А. откако вети еден куп неостварливи глупости со кои победи на локалните избори, сега се соочува со реалноста на управување со Градот кој не го познава, а се чини дека нема ни визија за него, ниту план како би го направила подобар. Веројатно, во таа празнина која ја обзема, излезот го бара во спроведување на проектите кои ги започна претходната администрација (можам да ја замислам агонијата на моментот кога морале да си признаат дека се разумни и добри тие проекти). Така, на пример, мостот Михаило Апостолски престана да е мост за рибарите и повторно стана стратешка комуникација во Скопје. БРТ, беше откажан, па сега шефот на Данела А. го враќа во живот, со мали измени секако.

Сега за дневниот билет на ЈСП. Да и објасниме на Данела А, Зошто донесе одлука за дневен билет, истата која ја донесе минатиот состав на Советот и градската администрација: Во Скопје освен жителите на градот, добро е градскиот превоз да го користат и туристите, патниците намерници и оние кои се по работа во Скопје само на еден ден.

За туристите е одлично да имаат билет од две евра кој ќе им овозможи цел ден да го користат јавниот превоз и да видат што поголем дел од градот. Да стигнат до Матка, до Горно Нерези, до Свети Никита и Марков Манастир.

Еве ќе си дозволам да и посочам на градоначлничката и еден проект кој за жал не заживеа, но сосема ќе е комплементарен со дневниот билет: Во Скопје дневно влегуваат десетици илјади моторни возила кои придонесуваат за закрчување на сообраќајот и се мачат со недоволно и скапи паркинг места. Предложениот проект (кој беше нападнат од вмро, со сите спинови и паники) замислува изградба на уредени, безбедни, големи паркинзи, на исптчниот и западниот влез во градот – Ѓорче Петров и Гази Баба. Паркинзите требаше да се поврзани со системот на јавен превоз и сите оние кои доаѓаат во Скопје, а не сакаат да се малтретраат со гужвите и паркинзите, да можат да го остват таму возилото, да си земат дневен билет, цел ден да си бркаат работа низ Скопје и на крај повторно со јавен превоз да дојдат до возилото кое го паркирале бесплатно преку цел ден.

Не е ништо срамно ако Данела А. со својата администрација го заживее овој проект. Добар е и ќе им олесни движење на многу луѓе. Ако и треба референца од странство за ваков проект, може да ја најде во Амстердам, каде веќе постои овој систем. Јас ветувам дека ќе ја поддржам ако го спроведе, без тролање и ситење.

Градот Убав е визија за иднината, дом на стотици илјади луѓе, простор кој е сакан и мразен во сито време. Град на модерната, кој во исто време пати од меланхолична носталгија. Дијагноза – опсесивна љубов. Затоа, не е добро и корисно да се носат неинформирани одлуки, или да се прекинуваат развојни проекти за ниеден од неговите сегменти. Дури и ако се работи за навидум банална работа како дневен автобуски билет.


Текстот е личен став на Авторот. Сите права се задржани. 
Next Post

Заев за руската агресија во Украина: Светот веќе никогаш нема да гледа на руските власти на ист начин

Shortcut

Најново

Од ладна резерва до рекордна добивка: Што се случи со ТЕЦ „Неготино“ во кризата?

August 30, 2026

ЦИВИЛ бара разрешувања и законска одговорност за величањето на Младиќ: Нема помирување без правда

August 30, 2026

Исланд го отфрли враќањето на преговорите со ЕУ

August 30, 2026
Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Триесет часа руски напад врз цивилите во Украина: Расте бројот на жртвите, најмалку 37 загинати

August 29, 2026

До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

August 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Трамп е наш, ние сме трапави!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фотографски записи од центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk