Mинистерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска заедно со градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски и претседателот на Здужението „Банка за храна“, Душко Христов ќе доделат пакети со основни прехранбени и хигиенски производи на 150 семејства со висок социјален ризик од Општина Центар.
Пакети се делат и на 2 згрижувачки семејства, 2 мали групни домови за деца со попреченост и на околу 150 пензионери. Пакетите се доделуваат со поддршка од општествено одговорни компании во државата, секој месец. Денешниот настан има за цел да ја поттикне хуманоста и да ја поддржи иницијативата на здружението „Банка за храна“, за помош на најранливите категории на граѓани.