ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

„Отворен Балкан“: Кон крајот на мај ќе почне примената на Идентификацискиот број

April 15, 2022 15:59
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Државјаните на Србија, Албанија и Северна Македонија ќе можат да се вработат во некоја од земјите членки на „Отворен Балкан“ со добивање Идентификациски (матичен) број на Отворен Балкан“, без какви било дополнителни административни процедури, јави дописникот на МИА од Белград.

Регионалната имплементација на договорите со кои се регулира слободниот пристап до пазарите на трудот во Западен Балкан треба да започне кон крајот на мај, според информациите од Стопанската комора на Србија (ПКС), пишува белградска Нова Економија.

-Во моментов се работи на поврзување на шемите за електронска идентификација, односно подготовка на инфраструктурата во секоја од земјите потписнички на иницијативата Отворен Балкан, така што регионалната имплементација на договорот кој ќе овозможи издавање на „Идентификационен број на Отврен Балкан“, ќе започне кон крајот на мај, кога ќе бидат завршени сите технички услови, изјави Ненад Ѓурѓевиќ, советник на претседателот на ПКС за Отворен Балкан.

Процесот на издавање на „Идентификационен (матичен) број на Отврен Балкан“ е замислен така да биде една од услугите на порталите за еУправа.

-Самиот процес е дизајниран така што вие, како државјанин на Србија, доколку сакате да го добиете вашиот идентификациски број на Отврен Балкан, треба да одите на веб-страницата на еУправа и да ја изберете таа услуга. Треба да ги пополнете основните информации како име, презиме, матичен број или документ за идентификација кој потврдува дека сте државјанин на земја-членка на Отворен Балкан и врз основа на овие информации, го добивате вашиот идентификациски број на Отврен Балкан со кој потоа можете да се вработите во една од земјите на оваа иницијатива без било какви друг дополнителни административни процедури. Тој број ви овозможува да имате ист третман во земјата во која се вработувате како и локалното население, изјави Ѓурѓевиќ.

Имплементацијата се очекува да започне кон крајот на мај, бидејќи се работи на тоа да се осигура дека сите земји-членки на иницијативата Отворен Балкан се на исто ниво подготвени за почеток на имплементацијата.

Отворен Балкан воведува идентификациски број, што ги поврзува државните е-управи. Слободниот пристап до пазарот на трудот и постапката што ќе го овозможи се регулирани, меѓу другото, со Договорот за условите за слободен пристап до пазарот на трудот во Западен Балкан и Договорот за поврзување на шемите за електронска идентификација на граѓаните од Западен Балкан.

Договорите беа потпишани на 21 декември во Тирана од српскиот претседател Александар Вучиќ, македонскиот премиер Зоран Заев и албанскиот премиер Еди Рама.

 

Next Post

За најголем дел од граѓаните, Србија е нашата најпријателска земја, на второ место e САД

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • КАКО ДА СЕ ПРЕЖИВЕЕ ПЕКОЛОТ: Практичен водич за заштита од екстремните топлотни бранови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk