Потонатиот ракетен крстосувач „Москва“ од класата Слава, беше трет по големина воен брод во активната флота на Русија. Украинците тврдат дека противвоздушната одбрана на крстосувачот била „вработена“ со лажни напади на беспилотни летала „Бајрактар“, со цел да се реагира што е можно подоцна на противбродскиот ракетен напад. Ракетниот систем „Нептун“, што го потона крстосувачот Москва, е дизајниран од украински воени инженери.
Автор: Emanuel Del Rosso / Италија.
Извор: edelrosso.com