ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Петков од Битола: Бугарската заедница во Северна Македонија е мост меѓу двете држави

April 16, 2022 16:58
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
фото: МИА

фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Бугарската заедница во Северна Македонија е мостот меѓу двете држави, изјави денеска во Битола бугарскиот премиер Кирил Петков, кој присуствуваше на отворањето на клуб кој ќе работи во состав на културниот центар „Иван Михајлов“.

– Тука сме за да покажеме дека ова прашање не е меѓупартиско, туку национално. Треба да се обединиме, но не само во Бугарија, туку заедно со Бугарите во Северна Македонија. Тие всушност се мостот меѓу двете земји и ние тој мост треба да го искористиме за да ги заштитиме нивните права, тоа воопшто не е спорно. Истовремено, мора да ни биде јасно дека и за бугарското малцинство во Северна Македонија и за бугарскиот интерес е важно, Северна Македонија еден ден да биде дел од Европската унија, рече Петков на новинарско прашање на отворањето на клубот.

Петков, кој е придружуван од потретседателката Илијана Јотова и шефицата на дипломатијата Теодора Генчовска, прашан дали постои документ што е доставен од македонска страна, вели дека се прават напори да се постигне заедничка позиција и во Бугарија и со Северна Македонија.

– Во моментов се трудиме да постигнеме една заедничка позиција, не само во Бугарија, туку заедно со Северна Македонија и таа општа позиција да биде јасна. Ние ги усогласивме рамките кои ги имаме, имаме и коалициски договор и преговарачка рамка и се тоа треба да го почитуваме. Истовремено, она што не обединува е јасното разбирање дека за сите нас е важна европска иднина на Северна Македонија, рече бугарскиот премиер Петков.  

Министерката за надворешни работи Генчовска, одговарајќи на новинарски прашања, рече дека со бугарскиот премиер имаат иста позиција по прашањето за Северна Македонија.

Во однос на нејзината вчерашна изјава дека во Бугарија има две позиции по прашањето за Северна Македонија, Генчовска, појасни дека има позиција на тимот на надворешно-политичките советници на премиерот, додека со премиерот Петков имаат иста позиција.

– Со премиерот имаме иста позиција. Значи, тој треба да ја усогласи неговата позиција со позицијата на надворешно-политичкиот тим, изјави Генчовска.

Прашана дали Бугарија во моментот води две надворешни политики кон Северна Македонија, Генчовска повтори „имаме една политика“.

– Министерството за надворешни работи ја води официјалната политика на Бугарија во однос на Северна Македонија, согласно рамковната позиција поддржана во Народното собрание, изјави Генчовска.

Прашана дали се согласува со изјавата на потпретседателката дека „патот на Северна Македонија нема да помине преку надворешен притисок“, Генчовска рече дека „нема како да помине“ и дека силно се надева оти „сојузниците ќе покажат разбирање за прашањата кои се уште треба да се решат заеднички со колегите од Северна Македонија“.

– Сметам на поддршка, а не на притсиок од сојузниците, изјави Генчовска.

За тоа дали е можно тргање на ветото до средина на годината, Генчовска, рече дека „така нареченото тргање на ветото, е всушност очекување колегите од Република Северна Македонија да ги исполнат обврските кои треба да ги направат согласно Договорот“.

– Исклучително важно е тие да покажат дека можат да направат конкретни резултати. Од тука, па натаму, ние чекаме конкретни дејствија. Конкретни резултати, тоа се нашите очекувања, изајви Генчовска.

Во однос на нејзината денешна посета на Битола Генчовска, рече дека се надева дека таа нема да биде последна и дека нејзина цел е да ги увери Бугарите во Северна Македонија дека ќе направи се што е можно тие да бидат впишани во Уставот на земјава.

Јотова од своја страна истакна дека во Битола дошле за да ги поддржат Бугарите во Република Северна Македонија и да го отворат новиот клуб. Таа истакна дека позицијата на Бугарија е непроменета во однос на почетокот на преговорите.

Прашана за разногласијата во бугарската надворешна политика, Јотова рече дека смета оти премиерот ќе преземе мерки советничкиот тим да не прави втора надворешна политика, бидејќи, според неа, тоа би било многу опасно оти Бугарија никој од  европските партнери нема да ја сфаќа сериозно.

– Тоа е најтешкиот консензус што го имаме во земјата во однос на членството на Република Северна Македонија. Од тука натаму има два пата – ќе започнат европските процедури, Бугарија треба да најде доволно сериозни инструменти што ќе ги побара од Европската комисија, така што во целиот процес, не зборувам само за почетокот на преговори, дури и во процесот пред преговорите, да имаме доволно гаранции за нашите услови да бидат испочитувани. Најважно е да има сериозни дејствија, категорични ангажмани и исполнување на тие ангажмани од страна на властите во Република Северна Македонија, оцени Јотова.

Пред почетокот и за време на самиот настан на отворањето на клубот граѓани на Битола излегоа на протести против отворањето на клубот. Беа присутни голем број полициски екипи кои го обезбедуваа просторот и не дозволуваа лицата кои протестираат да се доближат до клубот.

На протестите беа присутни граѓани, претставници на огранокот на Левица и претседателот на Заедницата на Македонците протерани од Грција Никола Костурски, а протестно писмо испрати и Сојузот на борци./MИА/.

Next Post

Лукашенко сака да се преправа дека е пожарникар, Белорусија се обидува да ја промени својата улога во руско-украинската војна

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk