Почнаа репресии против војската, која „не ја оправда високата доверба“ на раководството на Руската Федерација. Окупаторите ги репресираат командантите кои „не ги оправдаа очекувањата“ во војната со Украина и всушност не ги исполнуваат задачите. Ова го соопшти главната управа за разузнавање на Украина (ГУР), а пренесе politeka.net.
Забележано е дека од 24 април до 2 март во окупираната Горловка работела комисија од Руската Федерација, која требало да ги идентификува причините за моменталниот недостиг на 3-та одделна моторизирана тенковска бригада на окупаторските сили.
Се покажа дека според извештаите на командантите во 3-та моторизирана тенковска бригада, до почетокот на војната, таа била пополнета со 100% екипаж. Сепак, по избувнувањето на непријателствата, се покажа дека вистинската бројна состојба на воен персонал изнесува околу 55% вкупниот број.
По утврдувањето на фактите за недоследност, двајца команданти на баталјони беа приведени во непознат правец од цивили (најверојатно офицери на ФСБ). Понатамошната судбина на веќе поранешните команданти не е позната.
ГУР истакна дека ова не е единствениот случај на „решавање на прашањето“ од страна на руските специјални служби во однос на команданти кои, од различни причини, биле на „црната листа“. Утврдено е дека по разговорот со офицерите на ФСБ, Едуард Басурин, „заменик командант“ на корпусот на Министерството за одбрана на ДПР, бил однесен на непозната дестинација. Обвинениата против него се поврзани со невнимателна изјава кога ги откри плановите на Руската Федерација за употреба на хемиско оружје против украинските бранители на Мариупол.
Превод: Жорж Димовски