„Можете ли да замислите колку можеме да изградиме на овие темели во иднина? Не двоумете се, не ограничувајте ги вашите соништа и визии“, објави на Фејсбук експремиерот Зоран Заев дел од неговиот говор од Конгресот на Сириза.
„Не може да постои само принцип на посилниот.
Во денешниот свет сè уште постои патот на почитта и компромисот, патот на меѓусебното разбирање, патот на мирот и стабилноста“, пишува Заев.