Пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ
Историските напластувања и јазичката култура го лимитираат Македонецот во способноста да ги означува работите.
А тоа значи дека го лимитираат во можноста да постои.
Нашето најголемо богатство и нашата единствена татковина (Коневски), се нашето најстрашно ропство.
Сиве други работи со кои така страсно се занимаваме, се пуканки со кои нацијата ги гледа старите филмови со Петре Прличко, мислејќи дека тоа се подобри остварувањата од оние со Хемфри Богарт и Кендис Берген, да речеме.
Кога ќе погоди дека на патот има говно, Македонецот се обидува да го игнорира, па да го скокне, па да го заобиколи, па да разговара со говното, прави сè само за да остане во комуникација со предметот на патот затоа што неговиот систем му покажува дека тој без говното не само што не може да продолжи, туку дека е ништо.
Тие фатални релации се резултат на историјата како лага и на јазикот како хендикеп.
Ова е многу важно да се сфати.
Клучно е.
Макар што се плашам да го дадам оваа наравоучение понеже не сакам да бидам автор на нов исерок на македонскиот пат.
Хахаха!
Да ме скокаат и да се валкаат во мене, па мене да ме валкаат во себе.
Ноу, тенкју, кој ве ебе.
Еве, земете го Ванчо Михајлов.
Неверојатна е страста со која го чепкаме говното што се вика бај Иван.
Сè додека од него не произведеме доволно интензивна смрдеа.
Никогаш нема да ни текне да кажеме: бај, бај, бај Ванчо.
Бај вмро!
Бај Тошо!
Сто пати сум пишувал.
Тие говна се излезени од бугарски газ.
Молам, немам ништо против, но не ми го принесувајте на мојата чинија.
Престанете да го означувате вмро како второ име за Македонија затоа што така Македонија ја означувате како говно.
За кој кур ви е вмро?
Освен потребата некој да ве ебе.
Размислете малку.
Еве ја кратката историја:
1.Македонија е направени против вмро.
2.Македонската држава и нација се врвно изневерување на идејата и на мисијата на вмро.
3.Независноста и демократијата тие ја искористија како шанса за рехабилитација, за одмазда за асном и за националниот и државотворен македонизам.
5.Не случајно беа против референдумот туку за собраниска одлука, сакаа да ја избегнат сенародната легитимација на независниот државен статус.
4.Злото се маскира во партија.
5.Демократските институции и процедури се користат за уништување на внатрешната супстанца.
6.Растурање на интегрирачките сили преку раскурцување на историските аспекти на интеграцијата, на моралните норми, на чудоредноста, преку уништувањето на вистините за се, преку енормна продукција на лаги, преку кршење на институциите, со ширење на примитивен македонизам од најсмрдлив тип.
7.Преку економско и финансиско декапацитирање.
8.Преку исмејување во проектот Скопје 2014.
9.Двопартизмот е измама. Едната и другата страна се фазон за измама. Нема две страни за Македонија. Едната е против, а другата не знае како да ја одбрани, имено, затоа што е македонска односно нема моќ правилно и точно да ги означува работите.
Тоа е.
Денеска сме на нивото на разнебитување од кое тешко можеме да се вратиме.
Не да одиме напред.
Да се вратиме.
Сунчица вика дека ова не е тоа за што се боревме.
Точно.
Но, во општествените битки никој никогаш не го добил тоа за што се борел.
Сите добиваат, а некои губат, мали парчиња од прогресот, понекогаш и од регресот, тоа се процеси во кои една генерација треба да биде среќна ако ги мрднала работите малку напред.
Ние во Шарената револуција не се боревме за правда и за мир како конечни категории, оти тоа ќе значеше дека сме глупаци кои се борат за крајот на историјата.
А не се боревме ниту за лични афирмации.
Мнозинството.
Се разбира тие што ги презедоа кормилата не беа секогаш и во сè на нашите фреквенции. Често беа и контра.
Но, што од тоа.
Да се утепаме.
Да кренеме нова револуција?
Да се вратиме на говната?
Еве еден додаток.
Кога не ебе, пере пари, кога не пере пари, чека некој судски процес.
Да му се развлече.
Како мрсул на припадник на Унијата на младите сили на вмро.
Триесет години.
И повеќе.
Цела една кариера.
Всушност, животот на овој човек, се одвива во тие координати: секс, дрога и рокенрол.
И малку притвор.
При што не би инсинуирале за други наркотици освен за парите.
Судот му стана тоа што на Влатко Стефановски му се концертите.
Чист рокенрол, судот за него и тој за судот.
Ван Хален Камчев.
Веќе има добиено форма на судски ходник, а главата му е како стуткана банкнота од милион евра.
Во светот на филмската документаристика со политички претензии не постои поинфантилна продукција од аферата “Рекет”.
И не постои инфантилност која успеала да произведе пострашни последици по едно општество од македонската сапуница со некакви пари, во некаква чанта, во куќата на еден болен човек, во друштво на двајца идиоти, во клучните сцени на Once Upon а SJO in Macedonia.
Во хистеријата што беше произведена со тој филм и со пропратните приказни на фрфљото со најобилна фрфљост во историјата на дисциплината и на неговата верна дружина новинарски кретенчуги, беа стопени основите за обновата на правниот поредок во државата оличени во Специјалното јавно обвинителство.
И основите за обнова на државата.
Беа удрени темелите (хахаха) за разградување на Шарената револуција.
Дури и Путин со својата Специјална операција против Украина не е толку инфантилен колку што беше оваа филмска конструкција на пљачкашите и растурачите на Македонија.
Со таа разлика што нашите скотови се поуспешни од рускиот скот.
Парите ги има во еден кадар во филмот на нашата удбичка.
Некакви пари.
Никој никогаш не утврдил, ниту можел да утврди што има под првиот ред евра, дали во длабочините на “луј вутонот” не биле говнестите гаќи на газдата или влошките на неговите љубовници што тој ги користел за правење чај меѓу две партии секс.
Никој никогаш не утврдил ниту можел да утврди дали парите кои никој не утврдил дека постоеле под првиот ред евра во чантата која била во куќата се изнесени од куќата. Белешката на газдата не е факт кој ја потврдува автентичноста на снимката и на парите туку факт кој ги доведува во сомнеж и всушност го разобличува како елементарна карикатура малигоковскиот урадак за предшколска возраст.
Изнесена е торбата, но повторно не се знае дали станува збор за истата торба и дали торбата што е изнесена е полна со цигли или со пари.
Или е празна.
На тоа се надоврзуваат неколку телефонски реплики на првообвинетите со жртвата во кои некои искази делуваат скокотливо за простата маса, но од аспект на овластувањата на специјалната јавна обвинителка не само што не се спорни туку се во совршен склад со нејзините овластувања и должности да го брка криминалот, понекогаш и со негова помош.
Деталите ја откриваат грандиозната измама: Луј Вутон сугерира гламурозност што треба да го дразни сиромаштвото и просташтвото, белешката за парите ја има истата функција, големата куќа исто така, излезот од куќата со новиот кварт во позадината исто така, сугерираната тајна кај завршиле парите исто така, сугестијата дека завршила во подрумот на Владата исто така, сугестијата дека завршиле на бирото на Заев исто така.
И така натаму и така натаму.
Тоа се вика Специјална операција како второ име за инвазијата врз институциите на државата односно врз државата.
Пет години пред Путин да се сети дека може да направи сличен филм за азовските нацисти во Украина и да појде да ја денацифицира до последната цигла.
Орце си ги бара парите што не ги дал.
Орце ќе ја докаже невиноста на тие што ги осуди.
Специјално за ПРВАТА ЛИНИЈА. Сите права се задржани. Текстот е личен став на Авторот.