РИБАРО
Откако беа протерани уште неколку руски агенти скриени како дипломати во руската амбасада во Скопје, амбасадорот Баздникин, во очај, распиша оглас за ангажирање на персонал што би ги покрил кадровските дупки во амбасадата, дознава АХА.
Како што известуваат изворите на АХА, досега, за ангажман без прецизирани обврски, прв се пријавил Димитар Апасиев од Левица. Во апликацијата, Апасиев напишал дека чувствува обврска кон Путин и мајка Русија, да се оддолжи на каков ѝ да е начин и дека би прифатил било каква работа.
Првичните најави од руската амбасада, како што наведуваат изворите на АХА, биле дека Апасиев не исполнувал ни еден од и онака тенките квалификациски услови за некаков полусериозен ангажман, но подоцна, за да не го отфукарат, дошле до компромисно решение и ќе му предложеле да биде шеф за односи со јавноста на чајната кујна во амбасадата.
Рубриката АХА! е простор за хумор и сатира. Секоја сличност со реалноста е намерна и не е претерана.
FRONTLINE.MK