Во изложбениот салон „Галерија ’22” при Центарот за култура „Ацо Шопов“ денеска се одржа манифестацијата „Во чест на поетот” по повод 40 години од смртта на големиот поет и општественик Ацо Шопов.
На настанот беа промовирани две книги „Времето на Конески” од Димитар Пандев и „Убавите жени” од Зоран Пејковски, а директорот на Центарот за култура „Ацо Шопов“, Горан Трајков им врачи признанија на авторите на книгите.
Поет, преведувач, издавач, борец, дипломат, академик Ацо Шопов е еден од основоположниците на современата македонска поезија, автор на првата збирка „Песни“ објавена во слободна Македонија.
Творештвото на Шопов е сместено во тринаесет поетски збирки, дел од нив препеани на странски јазици. Доминантна карактеристика на неговото творештво е поврзување на сопствената судбина со судбината на татковината и човештвото.