„Современите“ руски крстосувачки ракети се опремени со електроника развиена во 60-тите години на минатиот век. Ракетите X-101 беа развиени од 1999 до 2013 година. Руските медиуми ги објавија како гордост на најновото руско оружје со висока прецизност, пренесува informator.ua.
Ова го објави Информатор повикувајќи се на прес-службата на Главната разузнавачка управа на Министерството за одбрана на Украина.
Резултатите од употребата на ракетите X-101 од страна на окупаторите за време на борбите во Украина ја побива наводната ефикасност. Основата на електронските компоненти се покажа дека е многу далеку од модерна.
Анализата на системите за наведување и навигација на крстаречки ракети X-55, како и нивните модификации X-555 и X-101, спроведена од украински експерти, покажа дека „модерните“ единици за наведување биле развиени во 1960-1970 година и произведени од фабриката за радио делови во Воронеж, заводот Интеграл во Минск и други претпријатија од Советскиот Сојуз.
„Најновите“ ракети го користат и навигацискиот систем ПГИ-2М. Развиен во 1977 година. Повеќето од ракетите X-101 истрелани на територијата на Украина не ги погодија планираните цели.
Превод: Жорж Димовски