ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Османи: Доколку сега не се реши спорот меѓу Скопје и Софија, би можел да прерасне во „замрзнат конфликт“

Кога ќе влезете во бугарскиот клуб во Битола, на главниот влез има голема табла со цитат од Ванчо Михајлов, на која пишува: „Залудни се напорите на таканаречениот македонски народ да го лаже светот“. Ова е голема навреда за нашите граѓани, ова е голема навреда за луѓето што ги застапувам. Ова кај нас се смета за провокација, изјави Османи во интервјуто.

April 27, 2022 15:08
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Сега е вистински момент за решавање на отворените прашања меѓу Бугарија и Северна Македонија, доколку тоа не се случи во блиска иднина спорот би можел да прерасне во „замрзнат конфликт“, изјави во интервју за бугарската телевизија БТВ шефот на дипломатијата Бујар Османи.

– Мислам дека во иднина ќе има се помалку сила и енергија и храброст кај кој било политичар храбро да се занимава со оваа тема. Затоа се плашам дека за месец-два ова ќе се претвори во замрзнат конфликт кој ќе трае со години, со сите последици што ќе произлезат од нашите односи, нашата внатрешна политика и можностите за регионот. Убеден сум дека во втората половина од оваа година нема да ја имаме истата сила да бидеме целосно посветени, со сета енергија на власта, за решавање на ова прашање, како што тоа го правиме сега, вели Османи.

Според него, доколку се пропушти оваа шанса, ќе се продолжи со конструктивна работа на оваа тема, но нагласува и дека во тој случај Владата ќе треба да се занимава и со други прашања во нашата држава.

Министерот Османи во интервјуто за БТВ се осврнува и на настанот во Битола на отворањето на клубот на бугарското здружение „Ванчо Михајлов“. Тој на прашањето дали поради името на клубот во Битола и реакциите во јавноста се нарушиле односите меѓу двете земји, вели дека е забележан пад на довербата, оценувајќи дека треба да се работи на тоа таа повторно да се врати.

– Кога ќе влезете во бугарскиот клуб во Битола, на главниот влез има голема табла со цитат од Ванчо Михајлов, на која пишува: „Залудни се напорите на таканаречениот македонски народ да го лаже светот“. Ова е голема навреда за нашите граѓани, ова е голема навреда за луѓето што ги застапувам. Ова кај нас се смета за провокација, изјави Османи во интервјуто.

Османи вели дека не верува дека бугарските власти биле присутни во Битола поради оваа порака на Михајлов, но посочи и дека доколку клубот не го носел ова име, државниот врв на Северна Македонија ќе присуствувал во Битола.

– И јас во мојата изјава кажав дека доколку клубот не го носеше ова име ние ќе бевме дел од оваа делегација во Битола. Целата наша Влада би била таму бидејќи ја поздравуваме и сакаме да ја поттикнеме бугарската заедница да се организира, сакаме бугарската заедница да се интегрира во институциите, системите и механизмите создадени преку рамковниот договор. Но, мораме да внимаваме на чувствителноста на темите, особено во овој период на доверба. Сакаме да ја вратиме меѓусебната доверба. Секако дека ваквите прашања ќе ни бидат се помалку важни, бидејќи ќе бидеме фокусирани на иднината, на заедничката европска перспектива за граѓаните на двете земји. Но, ова е деликатен период во кој и вие и ние мораме да бидеме внимателни за да ја создадеме нашата заедничка иднина, вели Османи за БТВ. /МИА/.

Next Post

Заев до ЕУ: Променете го начинот на носење одлуки, европската идеја не смее да биде уценета од национализмот

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk