ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Пендаровски: Без монетарното осамостојување ќе беше невозможно заокружувањето на меѓународно-правниот субјективитет на нашата држава

Oчекувам Народната банка да продолжи да ја одржува својата уставно загарантирана независност во однос и на политичките и на економските центри на моќ и во иднина да придонесува кон одржувањето на стабилен, конкурентен и пазарно ориентиран финансиски систем. На сите нека ни е честит јубилејот „30 години монетарно осамостојување“, рече Пендаровски.

April 28, 2022 09:28
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот Стево Пендаровски се обрати на Свечената академија, што по повод 30 години од монетарното осамостојување се одржа вчеравечер во Скопје, во организација на Народната банка на Република Северна Македонија.

Во продолжение интегралниот текст од обраќањето на претседателот Пендаровски.

Почитуван претседател на Владата,

Почитувана гувернерке на Народната банка,

Ценети присутни,

Ми претставува особена чест и задоволство да се обратам на оваа Свечена академија организирана по повод 30 години од монетарното осамостојување.

Минатата година ја одбележавме 30 годишнината од независноста, меѓутоа, круцијален државотворен аспект без кој ќе беше невозможно заокружувањето на меѓународно-правниот субјективитет на новата држава беше монетарното осамостојување. Со прогласувањето на независноста во 1991-та, нашата централна банка започна да стекнува едно сосема поинакво ново искуство, кое ни помогна успешно да ги надминеме комплексните предизвици од првите години од независноста.

Веќе идната година, во 1992-та година, во парламентот беше усвоен пакетот закони со кои беше поставена институционалната рамка на монетарниот систем, а, пред македонските граѓани беа претставени банкнотите на новата македонска валута ‒ денарот, првиот симбол на нашето монетарно осамостојување.

Со политиките на воспоставување на стабилен курс на денарот, централната банка во тоа време одигра силна улога во зацврстувањето на темелите на нашата независност и државност. Инфлацијата беше стабилизирана, банкарскиот систем започна да закрепнува, а, беше оформена и позначајна сума на девизни резерви како клучен аспект на девизната ликвидност на земјата.

Со тоа беше поставен примарниот одбранбен механизам од евентуалните надворешни регионални и светски финансиски шокови, но и поддршка во процесот на транзиција на националната економија кон современите пазарни економски системи.

Почитувани,

Јасно е дека освен некои внатрешно генерирани состојби низ годините, сепак, актуелните економски турбуленции на глобално ниво, во голема мерка влијаат на довербата на граѓаните во банкарскиот систем и кај нас и во светот.

За жал, таа доверба, денес, во континуитет се поткопува и од фактори кои стануваат се потешки за контрола. Зборувам за хибридните закани, меѓу кои најопасни се дезинформациите кои се широко застапени и сѐ поинтензивно се појавуваат на социјалните мрежи. Сведоци сме, особено во последнава година, дека Народната банка беше таргетирана со многубројни лажни вести со единствена цел, да креираат паника меѓу граѓаните, несигурност и недоверба во системот. Меѓутоа, мораме да констатираме дека нашата централна банка досега успешно ги води тие битки и навремено реагира на сите вести кои пласираат невистини.

Изминативе две години, поради пандемијата, а сега уште позасилено поради руската инвазија во Украина, ние, но, воопшто и Европа и светот се соочуваат со економска и енергетска криза, ценовни шокови и инфлација. Но, и во вакви сложени услови, институциите на државата функционираат на стабилизирачки начин, со што ја оправдуваат довербата на граѓаните. Водечка институција во таа смисла е Народната Банка на Република Северна Македонија која водеше, и води ефикасна монетарна политика за време на сите овие кризи, со што испраќа јасни сигнали до економските фактори, што, пак, повратно влијае стабилизирачки во однос на состојбите на пазарот и инфлаторните движења.

Работата на Народната банка и наназад низ годините воопшто не беше едноставна, особено за време на големата финансиска криза од 2008 година, кога ризиците за финансиската стабилност беа значително зголемени. Наспроти непредвидливите глобални економски движења и зголемените макроекономски ризици, финансискиот систем на Република Северна Македонија остана стабилен за што клучно влијание имаше сетот на мерки кои во тие услови ги презеде Народната банка.

Почитувани,

Веќе подолг временски период, заради стекнатиот кандидатски статус за членство во Европската Унија, поставеноста на нашата централна банка од аспект на нејзината независност беше, и е непрекинато предмет на оценување од страна на Европската централна банка, а, будно се следи и од Европската комисија преку нејзините годишни извештаи.

Притоа, треба да се одбележи дека во сите свои извештаи и Европската централна банка и Европската комисија потврдуваат дека законските одредби кои се однесуваат на независноста на Народната банка ги опфаќаат сите аспекти на независноста на централните банки утврдени со одредбите од Договорот за функционирање на Европската Унија и Статутот на Европската централна банка и Европскиот систем на централни банки.

Почитувани,

Како еден од столбовите не само на нашата економија, туку и на нашата држава, уверен сум дека Народната банка ќе го продолжи континуитетот на позитивно работење и успешно водење на монетарната политика согласно нејзините со закон утврдени цели и задачи.

Единствено со транспарентна политика и домаќинско работење може да се гарантира улогата на финансискиот сектор, да се поддржи реалната економија и да се работи во интерес на граѓаните.

Исто така, очекувам Народната банка да продолжи да ја одржува својата уставно загарантирана независност во однос и на политичките и на економските центри на моќ и во иднина да придонесува кон одржувањето на стабилен, конкурентен и пазарно ориентиран финансиски систем.

На сите нека ни е честит јубилејот „30 години монетарно осамостојување“.

Next Post

МТСП: Понеделник, 2 мај е неработен ден

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk