ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Условна казна затвор за ексдиректорот на Централен регистар

Поповски е осуден бидејќи ги злоупотребил службената положба и овластување, дело за кое што го обвини Скопското обвинителство. Според судот, директорот овозможил вработена во Централниот регистар да биде фиктивно регистрирана како присутна на работното место, со што го оштетил државниот буџет.

April 28, 2022 14:20
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Кривичниот суд во Скопје завчера ја изрече првостепената пресуда за екс ВД директорот на Централниот регистар, Андреа Поповски, и го осуди на условна казна затвор во времетраење во две години, ако во следните пет години не направи ново кривично дело.

Информацијата за Фронтлајн ја потврдија од Основниот кривичен суд Скопје:

Ве известуваме дека за наведениот предмет е донесена неправосилна, првостепена пресуда, на јавна седница со која обвинетиот А.П. е огласен за виновен за кривичното дело Злоупотреба на службена положба и овластување по чл. 353 ст.3 в.в. со ст.1 од КЗ и е осуден на казна со двоен услов, односно Условна осуда од 2 години затвор доколку во следните 5 години стори ново кривично дело за услов од 1 година да ја врати сумата што е утврдена како штета. За останатите тројца обвинети, согласно изведените докази, судот донесе ослободителна постапка. Против оваа неправосилна пресуда странките имаат право на жалба до Апелациониот суд Скопје.

Поповски е осуден бидејќи ги злоупотребил службената положба и овластување, дело за кое што го обвини Скопското обвинителство. Според судот, директорот овозможил вработена во Централниот регистар да биде фиктивно регистрирана како присутна на работното место, со што го оштетил државниот буџет.

Според обвинението, директорот преку подредените во ЦР овозможил едно лице да не се појавува на своето работно место поради ангажман и работа во политичката партија ВМРО – ДПМНЕ. За тоа време, тоа лице добивала плата од ЦР.

Останатите три обвинети, кои се вработени во Централниот регистар, обвинителството ги товареше за истото дело, но судот ги ослободи од обвинение.

Според судечкиот совет, ОЈО не докажало дека овие обвинети го сториле делото за кое ги товареше.

Случајот го иницирала внатрешната ревизија во институцијата, по пријава од една од обвинетите, која заедно со другите две обвинети, со првостепената пресуда се ослободени од обвинение.

Пријавата за постапката на директорот ја иницирала токму една од обвинетите, која обвинителството сепак решило да ја седне на обвинителна клупа. Сепак, според судот, таа е ослободена од одговорност.

Обвинетиот директор се бранел дека ги почитувал Законот за административни службеници, Законот за работни односи и Статутот на институцијата и дека приложиле докази дека работничката одела на работа.

Според одбраната, со ова се испраќа порака до јавноста да се пријавува секое незаконско постапување во институциите и судот правилно постапил што донел ослободителна пресуда за останатите обвинети.

Предметот го работеше и Финансиската полиција, а потоа Скопското обвинителство.

По приемот на пресудата, странките имаат право на жалба до Апелацискиот суд во Скопје.

И. Т. З.

Next Post

Три и пол милијарди евра од ЕК за земјите-членки на ЕУ што примија бегалци од Украина

Shortcut

Најново

Ивана Климпуш-Цинцадзе (фото: ЦИВИЛ)

Ексклузивно интервју на украинската пратеничка Климпуш-Цинцадзе за ЦИВИЛ МЕДИА: Слободата е нашата религија!

August 15, 2026

Создавањето и пресоздавањето на кинескиот тоталитаризам

August 15, 2026

Џелал Хоџиќ: Мицкоски трча маратон кон ЕУ, но спринт кон „српскиот свет“ (ВИДЕО)

August 15, 2026
Џабир Дерала

Два јубилеи и една дијагноза

August 15, 2026

На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

August 15, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Огнена стихија: Екстремни температури, човечки фактор и регионална криза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk