Прекинот на штрајкот на СОНК доаѓа како едно големо олеснување на без малку цело општество, тука мислам и на самите наставници кои беа надвор од клупите предолго.
Веројатно борбата на СОНК, на наставниците ќе продолжи и понатаму, но позитивно е што учениците се враќаат назад во клупите.
Протестот на просветните работници гледаме дека донесе поделеност меѓу нив самите, но и предизвика неколку несакани ефекти во повеќе области. Сега е неопходно да се направи консолидација, да се работи на обединување на цело општество и да не се дозволи учениците да бидат најголема жртва. Борбата отсега треба да продолжи без учениците да трпат. Поквалитетно образование мора да имаме, но и мора да сме свесни за учениците и нивното образование.
Сотир Габелоски