ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МЕДИУМИ

Медиумите се современата Голгота каде што се распнуваат фактите

May 3, 2022 17:43
in ZOOM IN, ДЕНЕС, МЕДИУМИ, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА/ ЦИВИЛМЕДИА

Војната во Украина ја докажа вредноста, но и сета тежина на новинарската работа, на медиумите. Во најсилни контрасти, се издвоија професионалните новинарки и новинари кои го ризикуваат и сопствениот живот за да дојдат до фактите и да му ги соопштат на светот. Во свет кој е под континуиран напад на сè подобро организираната и сè повеќе насилната крајна десница, медиумите се последното прибежиште за фактите. И првото место каде што моќните политичари и трговците со влијанија ги ставаат своите канџи.

Новинарките и новинарите и нивните уредништва се првите цели на било кој напад, било да се работи за политика или за војна. Тие се бојното поле на хибридната војна против демократијата и човековите права што ја водат диктаторите како Путин и дузина такви како него, расеани низ светот, помали, поголеми, прикриени или разгоропадени. Политичките, воените, економските и еколошките кризи им дадоа простор на медиумите, но исто толку ги претворија во мета на напади и контрола. Затоа што:

„Кој ја контролира информацијата, го контролира светот“ (д-р Стивен Френклин во „Вавилон 5“).

Или, уште подобро:

„Кој ги контролира медиумите, го контролира и умот“ (Џим Морисон).

Медиумите се современата Голгота на која се распнуваат фактите.

Пропагандистите со новинарски беџ се карнифексите што им ги забиваат шајките на прогресивните интелектуалци, политичари, активисти и нивни колешки и колеги во новинарството. Технолошкиот напредок донесе неограничени можности за навремено информирање. Настаните може да се следат во реално време. Никој не може да се скрие од камерите.

Истовремено, технолошкиот напредок обезбеди и неограничени можности за ширење на пропагандата и дезинформациите. Како што настаните може да се следат во реално време, така и фактите се манипулираат во реално време.

Така, светот дојде до времето на пост-вистината, кога емоциите одлучуваат за „вистинитоста“ на фактите.

Ова е ера на 24-часовна „забава“ со вести, кога линијата меѓу фактите и пропагандата често ја нема, а сето тоа се пакува во „објективни“ и „непристрасни“ вести во кои се воспоставува „баланс“ меѓу засегнатите страни, односно извори.

Лажната рамнотежа во медиумското известување стана главна лансирна рампа за пропагандистите кои во овој унесреќен израз најдоа одлично тло за релативизирање на фактите и реалноста. Така, дојдовме до апсурдот.

„Балансираните“ медиуми им даваат пет минути на жртвите, но и пет минути на злосторниците. Тоа е „фер“ известување. Со таа разлика што жртвите често не можат ни да проговорат, бидејќи се заплашени, повредени или – мртви.

Медиумите што креираат и дистрибуираат дезинформации и пропаганда се неспоредливо повидливи и поприсутни. Тие имаат повеќе пари, многу често и „црни“, не ги следат професионалните и етичките стандарди и – немаат одговорност. Меѓу другото, тоа е причината зошто се и побрзи и пробиваат насекаде.

На другата страна се оние што се обврзуваат себеси со етички и професионални стандарди, не се кријат во сенката на анонимноста и се одликуваат со јасна уредувачка политика, со одговорност и принципиелност. За да продуцираат медиумски содржини соодветни на сите тие принципи, ним им требаат и повеќе финансиски средства и повеќе време. А ги немаат ни двете доволно.

Пропагандистите од своите ровови и подруми мобилизираат мали армии тролови кои неуморно мразат и се закануваат на социјалните мрежи.

Нивната врева ги задушува фактите. Уште пострашно, говорот на омразата, заканите и честите напади ги обесхрабруваат новинарките и новинарите, па затоа често се откажуваат од битката за професионално и одговорно новинарство. Се чини дека медиумите се притиснати од две страни – од центрите на моќта и од разјарената и сè помалку писмена публика. Всушност, изворот е ист, колку и да не изгледа така.

Првата задача на пропагандата е да ги расколеба луѓето во нивната потрага по фактите. Кога ќе успеат во тоа, тие лесно можат да им ја осуетат потрагата по вредностите и да им ја разнишаат довербата во институциите, науката, правдата. Да им ја прекројат реалноста.

За пропагандата сосема доволно е да „докаже“ дека не постои една вистина, дека секогаш постојат најмалку две вистини. Дека „сите се исти“. И дека секогаш има едно „ама“.

Погрешно. Тотално погрешно. Нема две вистини и не се сите исти. Нема „ама“. Агресорот е агресор, убиецот е убиец, силувачот е силувач, жртвата е жртва. Фактите се едноставни. Нивното откривање може да биде тешко. А потоа и нивното толкување. Но силувачот, убиецот, агресорот не се исти како и нивните жртви. Никогаш. Малата Тања од Мариупол не може да биде виновна за ниту една друга војна во минатото, сегашноста или иднината. Нема две вистини за неа. Една е вистината. Таа умре од жед, покрај мртвото тело на својата мајка, под урнатините на својот дом што го бомбардираа руските агресори.

Идејата за „најмалку две вистини“ е пропаганден трик на оние што сакаат да ги релативизираат злосторничките акти. Фактите се факти. Пропагандата е пропаганда.

Од тука можеме да почнеме. Или да завршиме.


Текстот е напишан по повод Светскиот ден на слободата на медиумите. Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0.
Next Post

Маричиќ – Ландсбергис: Европските вредности се ставени на тест, очекуваме брз старт на преговорите

Shortcut

Најново

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk