РИБАРО
Го прочита ли некој ова?
Македонија бележи скок од 33 места – од 90 на 57 место според индексот за слобода на печатот, кој е објавен во извештајот за 2022 година. Ова ново рангирање ја позиционира нашата држава меѓу најдобро оценетите во регионот. Го виде ли пареплатенава пропагандна мизерија што ја недриме, овој извештај од Репортери без граници, ги прашал утрово Мицкоски медиумските советници на вмровците, пренесуваат изворите од белата палата за АХА.
„Катастрофа! Мора да преземеме конкретни мерки да го расипеме ова. Нека се активираат сите новинарски платеници. Потребно е да режираат сцени каде им се ускратува слободата во известувањето. Нека речат дека Сорос го фингирал извештајот пратен од Македонија. Нека склепаат теории на заговор. Што и да е – нека паѓаат во несвест на пресови, нека си ги заработат парите што ги земаат. Како ќе ја правдам нивната неспосбност? Со кое лице ќе се појавам пред будимпештанските газди? Нека ги разбудат клукајдрвците од социјалните мрежи да ги подјарат и неутровмроните, тие сега ни се насушно потребни.
Најдобро рангирање на Македонија во слобода на медиумите во регионов, скок од 33 места, а ваму се отепавме да кажеме дека ова е режим?! Знаете ли што значи тоа? Тоа значи дека ниедна факинг фингирана анкета нема да нè спаси. Тоа значи има да си чмаеме самозадоволно во опозиција уште долги години.
Кревајте џева дека извештајот од Репортери без граници е фалсификат. Можеби некоја будала сепак ќе го лапне тоа. Баш ми е гајле што ќе правите!“, гневниот Мицкоски уште од сабајле ги распердашил платеничките вмровски пискарала.
Рубриката АХА! е простор за хумор и сатира. Секоја сличност со реалноста е намерна и не е претерана.
FRONTLINE.MK