ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Спасовски – Теодорикакос: Соработката меѓу двете министерства ќе продолжи и во иднина

May 4, 2022 08:44
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за внатрешни  работи Оливер Спасовски во рамки  на работната посета  на Министерската  конференција  на претседавањето на Елинската Република со Процесот за соработка на Југоисточна Европа, вчера имаше  билатерална средба  со министерот за заштита на граѓаните на  Елинската Република, Панајотис Теодорикакос, jавува МИА.

Како што соопшти МВР,  ова е прва од ваков вид  гостинска средба во Елинската Република на највисоко ниво, со што се отвора едно ново поглавје во областа на безбедноста.

– На средбата двајцата  министри  Спасовски и Теодорикакос  искажаа  задоволство од начинот на кој се одвива соработката меѓу двете министерства и двете соседни земји во изминативе неколку години, како на оперативно, така и на политичко ниво, со уверување дека овој тренд  на соработка ќе продолжи да се надградува и во иднина, соопшти МВР.

Спасовски и Теодорикакос, како што се наведува, разговараа за теми кои се актуелни во моментов, како што е состојбата со бегалците кои пристигнуваат од Украина, како и за состојбите со илегалната миграција. Спасовски рече дека во овој период откриени се 24 случаи на криумчарење мигранти во кои е спречен обид да бидат прокриумчарени 217 мигранти. Бројот на откриените случаи, кривичните дела и мигрантите бележат тренд на зголемување, споредбено со истиот период претходната година.

Во делот на меѓународната и регионалната соработка на двете министерства, двајцата министри ја потенцираа нејзината важност, особено во заедничката борба против организираниот криминал и тероризмот и изразија уверување дека и натаму остануваат посветени на заедничкото дејствување во рамки на регионални и меѓународни иницијативи.

Двајцата министри се согласија за продлабочување на соработката помеѓу директорите на полиции на оперативно ниво, во делот на размена на искуства при заеднички вежби и обуки за специјалните елитни единици од двете земји во борбата со  организираниот  криминал и трговијата со дрога.

Министерската  конференција на претседавањето на Елинската Република со Процесот за соработка на Југоисточна Европа се одржува на 3 и 4 мај во Атина.

Next Post

Зеленски: За обнова на Украина ќе бидат потребни 600 милијарди долари

Shortcut

Најново

Дина Дума е првата македонска режисерка што ја добива „Nora Ephron Award“ на „Tribeca“ фестивалот во Њујорк

June 13, 2026
Илустрација Фронтлајн

Владата на САД итно ги блокираа напредните AI модели Fable 5 и Mythos 5 на „Антропик“ поради национална безбедност

June 13, 2026

Нула денари штета и загадување – Случајот „Мазут“ од почеток до крај: Што покажуваат фактите?

June 13, 2026

Во Скопје ќе се одржи форум за безбедност за улогата на Западен Балкан во европската стабилност

June 13, 2026

Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

June 13, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во македонската рамка нема „бугарско Поглавје 35“: Софија не успеа да го наметне српско-косовскиот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Четирите сурови реалности за бизнисот со вештачка интелигенција: Дали колабира AI балонот?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 9 јуни 2026: Огнен налет, лидерство и оперативна брзина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk