5 мај е Денот на македонскиот јазик. Денеска им оддаваме почит на сите оние кои го создавале писмениот, литературен, стандарден македонски јазик, пишува на ФБ профилот на премиерот Димитар Ковачевски.
„Нашиот долг кон идните генерации е да го негуваме и да го шириме. Македонскиот јазик е во сржта на македонскиот идентитет и посебност и како таков ќе го штитиме и чуваме“, пишува во објавата.







